Голем број турски воени офицери бараат азил низ Европа, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Причината за тоа е неуспешниот обид за државен удар, кој ја протресе државата и доведе до прогон на високите редови на вооружените сили.
„Некои турски офицери кои работат во командните структури на НАТО побараа азил во државите во кои работат“, вели Столтенберг. Не ги именуваше државите кои се вклучени, или бројот на офицери кои побарале азил, додавајќи дека останува на самите држави да одлучат дали ќе ги прифатат барањата.
„Се случија повеќе промени во структурата на НАТО на места каде беше сменет турскиот персонал. Очекувам Турција да ги исполни своите празни места“, додава.
Осум воени офицери побегнаа од Турција на денот после обидот за државен удар со авион до Грција, но не е познато до кои други држави стигнале барања за азил. Една потенцијална држава е Германија, каде локалните медиуми известуваат дека бројот на апликации за азил од Турција се зголемил многу од пучот.