Нов обид да се руши паркот во Тафталиџе, жителите го бранат

Уште трае „одбраната на паркот“ во Тафталиџе, информираат жителите. Тие и ова утро го опколија паркот во нивната населба не дозволувајќи да почнат градежни активности на единствената зелена површина во близина.

14079758_1224314404285947_8613499295001012228_n

Фотографија од фејсбук групата „Зелено Тафталиџе“

Веднаш откако ја забележале механизацијата и работниците реагирале и се организирале.

„Во моментов е игра на нерви. Уште се тука. На педесетина метри од нас. Чекаат наредба. Два багери, дваесетина работници кои чекаат на готовс. Ние ги претекнавме“, ни изјави еден од жителите кои излегле да го бранат рушењето на паркот.

Ова е четврти пат како граѓаните се организираат да спречат рушење на паркот на улица „Букурешка“. Последниот обид беше пред една недела, кога градежните работници и механизацијата се откажаа по реакциите на жителите.