Просечниот млад Кинез можеби не беше заинтересиран за тричасовниот говор на кинескиот лидер Си Џинпинг на Комунистичката партија, за време на Конгресот што се случи неделава, но му раколескаа преку најновата апликација за мобилни телефони што се прошири во Кина.
Интернет-компанијата Тенсент, позната по апликацијата за инстант пораки ВиЧет (WeChat), оваа недела излезе со игра која им овозможува на корисниците да му аплудираат на претседателот – допирајќи го телефон.
Целта е да се направи тоа што повеќе пати за одреден временски период. За само три дена играта е симната 1,2 милијарди пати, а многумина ги споделуваат резултатите преку социјалните мрежи и ги предизвикуваат пријателите.
Во новата игра, на корисниккот му се прикажува краток извадок од говорот на Си Џинпинг од отворањето на конгресот на КП Кина, на теми како што се подобрување на животот на бедните фармери или регулирање на станбениот пазар, по што корисникот треба да ракоплеска.
Корисниците забележаа неверојатни резултати во бројот на аплуази во секунди. Играта е пример како КП Кина користи интернет и популарна култура за ширење на своите пораки, поттикнување на патриотизмот и подигнување на личноста на водството, а особено на Џинпинг, кој тврди дека собрал повеќе моќ отколку било кој кинески лидер во претходните децении.