Третиот студиски албум на афирмираниот тетовски реге/даб бенд Conquering Lion излезе денеска (22 ноември), објави групата на својата ФБ-страница . Албумот „Revelation“ е бесплатен и може да се симне од веб-страницата на Password, како и од официјалниот сајт на бендот.
Еве како дечките го опишуваат:
„Нашиот трет албум ќе биде малку поинаков во споредба со претходните два. Концептот и енергијата се движат од roots реге до модерен реге звук, кој се претопува во даб и стигнува до помоќни, динамички моменти. Приказната во овој албум е цврсто бунтовна против регулациите на системот, ограниченоста и алчната страна на човековата природа. „Revelation“ содржи девет песни што формираат една подлабока приказна која посочува на главните пречки што стојат пред човештвото на патот кон духовното и умственото воздигање“.
На албумот се појавува и гостинот од Јамајка, Donald Minott, како и српската артистка Дарка Рајиќ. Досега како синглови од ова издание Conquering lion ги претстави песните „Wicked Man“ и „Trickster’s End“.
Сите песни на „Revelation“, продуциран од Ивица Јанкуловски и снимен во студиото marryPHAT, се авторски дела на Conquering Lion, додека мастерингот е на францускиот инженер Frederic Luneau (Webcam Hi-Fi). Дизајнот на каверот е на Бојан Кукоски.
Траклиста:
01. Wicked Man
02. Confidence
03. War Pon Dem
04. Fear
05. No Jealousy (feat. Darka Rajic)
06. Trickster’s End
07. Plant more… (feat. Donald Minott)
08. Earth of Love
09. Triumph