Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Го има на монетата од пет денари, на поштенска марка и на дресот на фудбалската репрезентација, но македонското национално богатство – балканскиот рис, е во постојана опасност да исчезне од природата.
Диме Меловски од Македонското еколошко друштво (МЕД) со години научно го истражува државниот „симбол на дивината“. Додека на компјутерот ги гледа движењата од рисовите на кои имаат поставено ГПС околувратници за следење, тој објаснува дека исчезнување на ова животно од екосистемот би довело до серија работи кои можат да тргнат наопаку.
„Еден од најинтересните примери е американскиот парк „Јелоустоун“. Откако во 70-тите години бил истребен волкот како топ предатор, се случил целосен пресврт на тој екосистем. Многу животни се пренамножиле, некои исчезнале. Дури и реките го смениле својот тек. Кога го реинтродуцирале волкот во 90-тите, работите се вратиле во нормала“, објаснува тој.
Статусот на рисот во Македонија останува критична, но со постојаното подигање на јавната свест, ситуацијата во последниот период е стабилизирана. Меловски вели дека го охрабруваат средбите со локални жители кои по име ги знаат заловените рисови и се интересираат за нив.
„Состојбата во моментов ја сметаме за стабилна. Во Македонија би требало да има околу 20 до 30 риса, или околу 40 вкупно, што сè уште го става во оној ранг на критично загрозено животно. Меѓутоа сметаме дека трендот веќе не би требало да е насочен надолу, туку е стабилен или дури со можност за благо покачување на популацијата, што би било навистина значајно“, додава Меловски.
„Катастрофално спроведување на законот“
Изградбата на инфраструктурни објекти надвор од стандардите за животна средина се закана по живеалиштата на балканскиот рис. Според Меловски, вистинска среќа е што автопатот во изградба „Кичево-Охрид“ природно поминува низ тунел и повеќе вијадукти, кои претставуваат некаков мост по кој тие ќе можат да го преминуваат автопатот. Тој сепак смета дека се потребни и таканаречени „зелени мостови“.
Сепак, главната закана за рисот останува криволовот. Меловски посочува дека залудна е целата вложена енергија и ресурси доколку не се почитува законот, додавајќи дека според нивните информации, просечно во криволов се убива по еден рис годишно.
„Спроведување на законот, во однос на криволовот, е катастрофално. Постојано сме во контакт со ловочувари, ловџии и со концесионери и знам дека досега ниту еден човек не е казнет за криволов на рис од 1991 година досега, а рисот е заштитен од 1949 година. Ловочуварите имаат тешка работа во справувањето со криволовци. Постојат многу административни проблеми, поради кои е невозможна мисија некој да се казни. Вака работата никаде не оди. Единствено стравот ги задржува луѓето, но има многу лица кои се на функции и кои немаат никаков проблем да убијат рисови – како трофеј, како престиж и знаат дека никој ништо не им може. Тоа е главниот проблем“, додава Меловски.
Иднината на птиците е и иднината на луѓето
Додека Меловски го проучува движењето на рисовите по земјата, Ксенија Путилин гледа во небото. Таа во МЕД ги истражува птиците. Во Македонија има два глобално загрозени видови птици (египетскиот мршојадец и степскиот сокол) и уште три чувствителни (кадроглавиот пеликан, царскиот орел и долгоопашестата патка). Државата има меѓународна обврска да помогне во нивната заштита на својата територија.
Во последните 50-тина години исчезнале осум видови птици кои гнезделе во Македонија. Путилин објаснува дека од четирите вида мршојадци кои ги имало во Македонија останале само два. Како значајна птица за зачувување го посочува и кадроглавиот пеликан, една од најретките птици во светот, која може да се забележи на Преспанското Езеро.
„За мршојадците мислам дека состојбата е алармантна. Зборуваме за мали популации и нивното зачувување треба да биде државен приоритет. Покрај тоа што сакаме овие птици да не исчезнат, нивното присуство во Македонија е индикатор дека нашата животна средина е здрава. Доколку овие птици исчезнуваат тоа е силен индикатор дека имаме проблеми во животната средина“, смета Путилин.
Криволовот е голем проблем и кај птиците. Само последниов период јавноста беше згрозена од фотографии на социјалните мрежи на кои се покажуваат убиени ретки птици како трофеј.
„Јасно ми е дека птиците ќе бидат загрозени од многу фактори, ама не можам да поверувам дека сè уште има нелегално убивање и заловување птици. За жал, невладините организации, освен што можат да ја подигаат свесноста и постојано да зборуваат на темата, не можат нешто повеќе – бидејќи тоа сепак е криминал, а со тоа мора да се справува државата“, смета таа.
Таа додава дека благодарение на социјалните медиуми сега за ваквите случаи се дознава многу побргу, што ја принудува и државата на побрза реакција.
Значајно за идниот период, според Путилин е да почне работата на изготвување на „црвените книги“ за Македонија – значајни документи кои ги истакнуваат националните приоритети за зачувување на одредени видови животни. Овие листи со години се провлекуваат низ владините стратегии како документи „во фаза на изработка“.
0 за природа – 100 за сè друго
Но, колку и да се вложуваат научниците и ентузијастите, нивниот труд е залуден доколку екологијата не е државен приоритет.
Меловски вели дека ориентираноста на економија, на која владата толку инсистираше последнава деценија, ја запостави едукацијата, науката и заштитата на животната средина, што ќе има огромен негативен ефект врз природата и биодиверзитетот на државата во наредните години.
„Не сакам да бидам премногу негативен и да кажам дека односот е нула за природа и сто за сè друго, ама е многу блиску до таа бројка. Релевантното Министерство за животна средина и просторно планирање е можеби последното министерство за кое оваа Влада се грижи и одвојува пари и буџет. Да не се оддели никаков дел за заштита на природа е навистина срамота. МЕД не добива никакви средства од државата, а ние работиме делови кои се зацртани во одредени државни стратегии“, вели тој.
Освен слабиот интерес за набљудување на животните како хоби, еколозите предупредуваат и за загрижувачки нискиот број студенти кои се едуцираат на биолошките и еколошките науки во земјава.
„Кај нас е тоа смешно, се работи за 2-3-ца кои се запишуваат на смерот за екологија, иако таа наука е една од најактуелните и најпримамливи во светот. Но, науката овде повеќе не е атрактивна. Луѓето кои сакаат да се занимаваат со тоа најчесто одат надвор од земјата на почеток на студиите и најчесто не се ни враќаат, бидејќи тука не можат да најдат работа и практично да го спроведат знаењето“, додава Меловски.
Доколку и ја преживеат оваа генерација, рисот, мршојадците и кадроглавиот пеликан, во иднина можат да останат без стручни луѓе кои би се грижеле за нивниот опстанок.
Даниел Евросимоски
*Темата првично е објавена во емисијата Мегафон на Радио МОФ
-
Mbijetesa e kafshëve të rralla në Maqedoni ndërmjet neglizhencës së pushtetit dhe paligjshmërisë
Është pjesë e kartëmonedhës prej pesë denarë, në pullën postare dhe në bluzën e reprezentacionit të futbollit, por pasuria nacionale maqedonase – rrëqebulli ballkanik, është në rrezik të vazhdueshëm të zhduket.
Dime Melovski përderisa në kompjuter i sheh lëvizjet e rrëqebujve në qafët ë të cilëve kanë vendosur gjerdan rrethor me GPS për monitorim, ai sqaron se zhdukja e këtyre kafshëve nga ekosistemi do të rezultojë me një sërë punë të cilat do të mund të shkojnë mbrapsht.
“Një nga shembujt më interesant është parku amerikan “Jeloustoun”. Mbasi në vitet 70 është zhdukur ujku si grabitqarë kryesor, ndodhi një çekuilibrim total në atë ekosistem. Shumë kafshë u shumuan tepër, disa u zhdukën. Madje edhe lumenjtë e ndryshuan rrjedhën e tyre. Kur e kanë vendosur ujkun përsëri në këtë vend në vitet e 90-ta, punët janë kthyer në gjendje normale”, sqaron ai.
Statusi i rrëqebullit në Maqedoni ngelet kritik, por me ngritjen e vetëdijes në mënyrë të vazhdueshme, situata periudhën e fundit është stabilizuar. Melovski thotë se e inkurajojnë takimet me banorët lokal të cilët me emër i dinë rrëqebujt që i kanë zënë në gjueti dhe interesohen vazhdimisht për ta.
“Gjendjen për momentin e konsiderojmë si të qëndrueshme. Në Maqedoni do të duhej të ketë rreth 20 deri në 30 rrëqebuj ose rreth 40 gjithsej, që ende e vë në rangun e kafshëve të cilat janë të cenuara në mënyrë kritike. Mirëpo, mendojmë se trendi nuk duhet të shkojë më për poshtë, por se është stabil ose madje me mundësi për rritje të vogël të popullatës, që do të ishte vërtet e rëndësishme”, shton Melovski.
“Zbatim katastrofal i ligjit”
Ndërtimi i objekteve infrastrukturore jashtë standardeve për mjedis jetësor janë kërcënim për habitatet e rrëqebullit ballkanik. Sipas Melovski, është fat i vërtetë që autostrada që po ndërtohet “Kërçovë – Ohër” në mënyrë të natyrshme kalon nëpër tunel dhe në më shumë viadukte, të cilat paraqesin një lloj urrë nëpër të cilën ato do të mund të kalojnë autostradën. Ai, megjithatë konsideron se nevojiten të ashtu quajtura “ura të gjelbra”.
Megjithatë, kërcënim kryesor për rrëqebullin ngelet gjuetia pa leje. Melovski thotë se është e kotë e gjithë energjia e investuar dhe resurset nëse nuk respektohet ligji, duke shtuar se sipas informatave më të cilat ata disponojnë, mesatarisht nga gjuetia pa leje vritet nga një rrëqebull në vit.
Rrëqebulli Deki i kapur në foto – kurth këtë dimër FOTO: ShEM – MED
“Zbatimi i ligjit, në lidhje me gjuetinë pa leje, është katastrofale. Vazhdimisht jemi në kontakt me rojet e pyllit, gjuetarë dhe me koncesionerë dhe e di se deri tani asnjë njeri nuk është dënuar për gjueti pa leje të rrëqebullit nga viti 1991 deri më tani, ndërsa rrëqebulli është i mbrojtur që nga viti 1949. Rojet e pyjeve kanë punë të vështirë gjatë ballafaqimit me gjuetarët që gjuajnë pa leje. Ekzistojnë shumë probleme administrative, për shkak të të cilave pamundësohet misioni që dikush të dënohet. Kështu punë nuk na çon askund. Vetëm frika i rruan njerëzit, por ka shumë njerëz të cilët janë në funksione dhe të cilët aspak nuk kanë problem të vrasin rrëqebull – si trofe, si prestigj dhe e dinë se askush nuk mund tu bëjë asgjë. Ky është problemi kryesor”, shton Melovski.
E ardhmja e shpendëve dhe e ardhmja e njeriut
Përderisa Melovski e studion lëvizjen e rrëqebujve në vend, Ksenija Putilin sheh në qiell. Ajo në ShEM – MED i hulumton shpendët. Në Maqedoni në përgjithësi ka dy lloje të shpendëve të cilët janë të cenuar (shkaba egjiptiane dhe skifteri i stepave) edhe tre të tjerë janë të brishtë ( pelikani kaçurrel, shqiponja mbretërore dhe rosa bishtgjatë). Shteti ka obligim ndërkombëtar të ndihmojë mbrojtjen e tyre në territorin e saj.
Gjatë 50 viteve të fundit, janë zhdukur tetë lloje të shpendëve të cilat kanë bërë fole në Maqedoni. Putilin sqaron se nga katër llojet e shkabave të cilat kanë jetuar në Maqedoni, tani kanë mbetur vetëm dy. Si shpend i rëndësishëm për rruajtje ajo e përmend edhe pelikanin kaçurrel, një nga shpendët më të rralla në botë, i cili mund të vërehet në Liqenin e Prespës.
“Për shkabat gjendja mendoj se është alarmante. Bëhet fjalë për popullata të vogla dhe rruajtja e tyre duhet të jetë prioritet shtetëror. Përpos asaj që duam këto shpendë të mos zhduken, prezenca e tyre në Maqedoni është indikator se mjedisi jonë jetësor është i shëndetshëm. Nëse këto shpendë zhduken, ky do të jetë një indikator i fuqishëm se kemi problem në mjedisin jetësor”, konsideron Putilin.
Gjuetia pa leje paraqet problem të madh edhe te shpendët. Vetëm gjatë periudhës së fundit, ishte e tmerruar nga fotografitë në rrjetet sociale të disa njerëzve që tregojnë rosa të rralla të vrara, si trofe.“E kam të qartë se shpendët do të cenohen nga shumë faktorë, por nuk mund të besoj se ende është prezent vrasja jo legale dhe gjuetia jo legale e shpendëve. Për fat të keq, organizatat joqeveritare, përveç që mund të rrisin vetëdijen dhe vazhdimisht të flasin në lidhje me temën, nuk mund të bëjnë asnjë gjë më tepër – sepse kjo megjithatë paraqet krim, ndërsa më këtë duhet të merret shteti”, konsideron ajo.
Nga monitorimi i pelikanit në Prespe FOTO: ShEM – MED
Ajo shton se duke iu falënderuar mediave sociale tani, rastet e këtilla kuptohen shumë shpejtë, gjë që bën edhe shteti të reagojë më shpejt.
Me rëndësi për periudhën në vijim, sipas Putilin është të fillohet puna në lidhje me përpilimin e “librave të kuq” për Maqedoninë – dokumente të rëndësishëm të cilët i theksojnë prioritetet nacionale për rruajtjen e llojeve të caktuara të kafshëve. Këto lista me vite po përvidhen nëpër strategjitë qeveritare si dokumente “në fazë të përpilimit”.
0 për natyrën – 100 për gjithçka tjetër
Por, sado që të investojnë shkencëtarët dhe entuziastët, mundi i tyre është i kotë nëse ekologjia nuk është prioritet shtetëror.
Melovski thotë se orientimi kah ekologjia, për të cilën qeveria aq shumë insistonte dekadën e fundit, e la pas dore edukimin, shkencën dhe mbrojtjen e mjedisit jetësor, që do të ketë efekte negative të mëdha mbi natyrën dhe biodiversitetin në vendin tonë gjatë viteve në vijim.
“Nuk dua të jem shumë negativ dhe të them se rreziku është zero për natyrën dhe njëqind për gjithçka tjetër, por është shumë afër asaj shifre. Ministria përkatëse e Mjedisit jetësor dhe Planifikimit Hapësinor, ndoshta është ministria e fundit për të cilën kujdeset kjo Qeveri dhe akordon para nga buxheti. Të mos akordohet asnjë pjesë për mbrojtjen e natyrës është një turp i madh. MED – ShEM, nuk fiton aspak mjete nga shteti, ndërsa ne punojmë pjesë që janë theksuar në disa strategji të caktuara shtetërore”, thotë ai.Përpos interesit të dobët për mbikëqyrjen e kafshëve si hobi, ekologët paralajmërojnë edhe në lidhje me numrin jashtëzakonisht të ulët dhe shqetësues të studentëve, të cilët edukohen për shkencat biologjike dhe ekologjike në vend.
“Tek ne kjo është qesharake, bëhet fjalë për 2 – 3 studentë të cilët janë regjistruar në drejtimin për ekologji, edhe pse ajo është një nga shkencat më aktuale dhe më atraktive në botë. Por, shkenca këtu, gjithnjë e më tepër nuk është atraktive. Njerëzit të cilët duan të merren me këtë zakonisht shkojnë jashtë shtetit në fillim të studimeve dhe zakonisht as që kthehen, sepse këtu nuk mund të gjejnë punë dhe praktikisht ta aplikojnë dijen e tyre”, shton Melovski.
Nëse edhe e mbijetojnë këtë gjeneratë, rrëqebulli, shkabat dhe pelikani kaçurrel në të ardhmen mund të ngelin pa njerëz profesional të cilët do të kujdeseshin për mbijetesën e tyre.
Daniel Evrosimoski