До Наставничкиот пленум денеска пристигна отворено писмо од ученик во скопската гимназија „Георги Димитров“ упатено до министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.
Во писмото, ученикот ги објаснува своите причини зошто како одличен ученик не се согласува со екстерното тестирање и, како што вели, целиот труд, посветеноста и работата преку целата година да се оценат со еден тест на заокружување во услови на стрес.
Радио МОФ интегрално го пренесува отвореното писмо на ученикот:
„Иако можеби можете да помислите дека политичката моќ ви дава потпора за да ги направите општествените промени кои ги сакате , сепак политиката е на возачкото седиште.
Примарната работа на политичката моќ е да се собере и зачува таа моќ, а тоа значи дека кога политиката настапува на сцена таа секогаш победува. Пример за ова е глупав арогантен гостин кој доаѓа на роденденска забава и наредува забавата да премине во погреб. Слично како што направија и со нашето образование, повеќе не не учат да станеме личности, сега треба да станеме роботи.
Истото се случува и со образовниот систем, ако мешаме образование и политика се што добиваме е политика. Пратениците и министрите се квалификувани да го водат образованието колку што се способни да водат градилиште, и време е нашиот едукациски систем да го одрази овој факт. Кога самиот министер за образование кој воедно е и магистер по металургија со завршени пет години не знае колку елементи има во периодниот систем само затоа што не повторил, за тоа јас баш би сакал да навлезам тој колку е стручњак и зошто неговата диплома веќе не е ревидирана. Не повторил господинот министер, хмм јас немам повторено читање дали тоа значи дека ова може да ми биде оправдување ако ми се падне екстерно македонски јазик?
Немој да им го правиш на другите тоа што не сакаш да ти го прават тебе, има таква поговорка , епа господине Адеми како што вие се почувствувавте кога пред камери моравте да се изрезилите и да дткате затоа што не знаевте што е петрологија ете така ние се чувствуваме кога полагаме екстерно, не затоа што не знаеме туку затоа што тоа нас може да ни го наруши просекот и воедно иднината.
Нас ни требаат училишта каде младите ќе можат да си се градат на свој начин, се додека не се познае дека секој ученик е индивидуа со различни таленти и сонови образованието нема да успее. Сите ученици не учат исто затоа треба да се движиме кон масовно прилагодување кое е основано на силното заедничко јадро на основните вештини и знаења кои им овозможуваат на младите да ги развиваат нивните сопствени таленти и аспирации.
Вие морате да не поддржите да го пронајдеме тоа што не прави среќни и тоа во што сме добри како и тоа што сакаме да бидеме во животот.
Ќе добиете многу поквалитетни ученици ако само ни покажете колку знењето е значајно и вредно.
Ние не сакаме да се отргне екстерното од употреба но сакаме реформи затоа што досега ништо добро од него не излегло.
Ќе си дадам личен пример. Одличен ученик сум во средното училиште “Георги Димитров”. Сите години просекот ми бил 5.00 освен лани кога поради екстерното на кое на едниот од двата предмета добив четворка и со самото тоа просекот ми се намали, но не ми се намали само просекот туку ми се намалија и шансите за стипендијата која што сакав да ја добијам на еден од факултетите во соседните држави. Посветен ученик сум и работам и на проекти надвор од училиштето, сум бил на многу натпревари и сум добивал и први и втори места, но тоа не може да се види на екстерното каде под притисок треба да одговорам на 30 прашања кои имаат несоодветни понудени одговори (или воопшто немаат понудено) .
Целиот труд, посветеност и работа преку целата година не можат да се оценат со еден тест на заокружување во услови на стрес. Не може некој наместо нас да ја одлучува нашата иднина. Никој не може да ни ги затвара устите со закани.
Образованието е на нас младите, не е ни на ВМРО не е ни на СДСМ, наше е. Оставете не да имаме слободна мисла и да си ги остваруваме целите кои ги сакаме, не правете роботи,верувајте во нас.“