По Твитер, Турција го блокира и пристапот до ЈуТјуб

Турција донесе „административна одлука“ да го блокира пристапот на граѓаните до ЈуТјуб, само една седмица откако државата стави забрана за пристапот до Твитер.

Јутјуб

Како што пишува Хуриет, одлуката била доставена до интернет провајдерите и до турските ГСМ оператори, а блокирањето на ЈуТјуб сервисот е направено без судска одлука.

Оваа нова „административна одлука“ доаѓа по објавата на нови записи за владејачката гарнитура во државата кои наводно зборуваат за ситуацијата во Сирија, објави Би-Би-Си.

Претходно премиерот Реџеп Тајип Ердоган, го забрани пристапот до Твитер и обвинуваше дека оваа социјална мрежа шири анти-владина реторика. Сепак, вчера турскиот суд издаде налог со кој побараше од владата да ја укине забраната за Твитер.