Повеќе екологија на час, за помалку ѓубре меѓу нас

Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“

  • Екологијата како тема е вклучена во образовниот систем, но повеќе тоа е на хартија отколку во реалност. Нормално, некои училишта работат повеќе, некои помалку на темата, но генерален впечаток е дека треба уште многу работа за да се достигне задоволително ниво. Односно, нивото на екологија се сведува на фрлање ѓубре и препознавање на оваа активност како несоодветна, смета Никола Нешкоски, претседател на организацијата за заштита и унапредување на животната средина, „Еко Логик“. 

    „Еко Логик“ е едно од многуте здруженија и иницијативи кои бараат екологијата повеќе да се изучува во формалното образование. Дали како издвоен задолжителен предмет „Екологија“, или пак во друга форма, граѓанските организации укажуваат на проширување на еколошката настава со цел учениците од рана возраст да стекнуваат одговорни навики.

    Според активистите, останатите предмети и Кембриџ-програмата се преобемни, па и самите наставници немаат премногу време да предаваат за различни типови отпад, за рециклирање, енергија, одржливост, транспортни модели…

    Исто така, сметаат дека со поефективна еколошка едукација младите би станале посвесни за случувањата во околината, а со тоа и поажурни критичари за секоја узурпација на јавен простор. Поактивни кога некој уништува зелени појаси, кога загадува воздух или вода, кога градските служби не си ја вршат должноста, или кога ќе видат дека нешто недостасува, па сами да се активираат и реагираат.

    Не само на Фејсбук или меѓу себе, туку младите граѓани редовно да го чуваат и обмислуваат јавниот простор, кој се смета за показател на граѓанска култура. Да тргнат од проблемите со соседството, од маалото, бидејќи тука почнува дејствувањето на заедницата и настануваат прогресивни проекти.

    „Дефинитивно треба да се поработи на менување и подобрување на курикулумите. Треба форсирање на екологијата, да стане приоритет. На децата им требаат нови предмети и/или активности кои ќе имаат за цел да им ја доближат екологијата, и тоа преку интересни и иновативни методи и алатки. На пример, ние како организација досега креиравме 2 едукативни игри на тема енергетска ефикасност и одржлив транспорт. Низ игра и забава ги промовиравме, и тоа во повеќе од 30 училишта“, вели Нешкоски.

    Резултатите од ова биле одлични. Преку игра на децата им дале да изучат „учебник“ на одредена тема. И тоа функционирало.

    „За ова зборувам. Потребна е иновативност, потребно е освежување на начинот како се реализира наставата. И ова не е ништо ново во светот, трендот оди натаму – учење низ забава, учење низ игри. Доколку размислуваме како дете, и се запрашаме што сака да прави во текот на денот, одговорот ќе биде: да си игра!“, нагласува Нешкоски од „Еко Логик“, чиј тим го формираше и детскиот едукативен центар „Жабец“.

    Фото: Жабец, учење со помош на друштвени игри

    Сугестија на Нешкоски е граѓанските организации повеќе да се вклучат во целокупниот процес на еколошка едукација во установите. Исто така, поголема соработка помеѓу НВО-секторот и министерствата за образование и животна средина.

    „Зошто го велам ова? Бидејќи во последниве години неформалното образование, или поубаво кажано – методите во неформалното образование се покажуваат како многу ефикасни. Време е дел од нив да ги користиме во формалниот образовен систем“, потенцира Нешкоски.

    За Мери Кондов од иницијативата Скопје Смог Аларм нема дилеми дека екологијата мора да се имлементира во образованието. Родители како неа, вели Кондов, со брзиот начин на живот, немаат доволно време на децата да им ги пренесат сите морални и етички норми за одговорно однесување кон околината.

    „Сепак децата во просек поминуваат од 8 до 10 часа на училиште. Тоа е единствената средина каде можат да научат повеќе околу овие работи. Не дека не треба семејството да се труди да го научи, туку реално еден час по еко-образование, или слично како би се викало, дефинитивно им треба“, смета Кондов.

    Ја повторува нужноста за проширување на видиците. Односно, не само да се научи детето како да засади стебло за Ден на дрвото, или како да фрли ѓубре во канта.

    „Самата инфраструктура на училиштата мора да поработи на достапноста. Како  алтернативниот транспорт да се користи и од родителите, и од децата. Тоа е цел еден сложен систем, меѓутоа идеи и иницијативи има на куп! Генерално ставот на сите еко-организации е дека мора да има предмет кој активно ќе се занимава со едукација на децата. Екологијата да биде формализирана. Исто како миењето раце што е како навика врежана во малите детски мозочиња, да стане и тоа дека треба да се дојде со велосипед на школо, а не со мама и тато со автомобил. Да не гори светлото додека нема дечиња во училницата и сл“, вели таа.

    Кондов ја споменува претставата „Градот моли: Ме угушивте ме боли“, работена заедно со „Колектив Ветерница“. Тоа е едукативен детски мјузикл, направен од деца за деца. Идеја им е со таа претстава да влезат во рамки на училиштата.

    „Претставата завршува со совети од децата кон децата како да се однесуваат во животот, општо. Не мислам дека поголема одговорност е да се грижиш за својот мобилен, отколку каде да го фрлиш ѓубрето или каков превоз ќе дојдеш во школо. Извртени се вредностите, но, тргнувам од себе, лично како мајка еколог на моето дете секојдневно му зборувам – не ја троши тоалетната хартија бидејќи се прави од дрво, а дрвото треба да се исече итн. Децата многу побрзо сфаќаат од возрасните. Tие се иднината на општеството. A, ние сме активисти кои денес ги има, а утре очекувамe од нашите генерации да се пренесе знаењето“, забележува претставничката од Скопје Смог Аларм

    ФОТО: Колектив Ветерница, дел од претставата „Градот моли: Ме угушивте ме боли“

    Од Бирото за развој на образованието (БРО) тврдат се води сметка за застапеноста на еколошките наставни содржини. Според нив, посебно внимание заслужуваат принципите и методите за формирање на еколошката култура на личноста на детето од училишна возраст, за да го потикне интересот на децата и тие да служат како основа за едно општо однесување и градење на еколошка свест и култура.

    „Затоа потребно е наставните програми да се еколошки осмислени, односно нивните цели и задачи, експлицитно или имплицитно да иницираат еколошка едукација“, соопштува за Радио МОФ Оливер Станојоски, Советник за комуникации и односи со јавност во БРО.

    Кај нас, соопштува, такви наставни програми се особено оние изготвени со понов датум. Како пример ги дава „Природни науки и општество“ во одделенската настава во основното образование, изборниот предмет „Воспитание за околината“, потоа „Животни вештини“ на одделенските часови, предметот „Граѓанско образование“. Исто така, од БРО трдат дека еколошки осмислени предмети постојат и во средното образование, но и повеќе воннаставни активности како чистење и уредување на училишниот двор, изработка на еколошки проекти за заштеда на вода, за заштеда на енергија…

    Ставот на БРО е дека еколошкото образование е процес кој треба постојано да се надградува и проширува, но не да биде посебен задолжителен предмет, за да не се оптеретуваат учениците дополнително, туку во повеќе предмети, крос-курикуларно.

    „Се уште во светот постои дебата околу тоа дали формалното еколошко образование треба да биде крос-курикуларно, интердисциплинарно или посебен наставен предмет. И покрај фактот дека секој модел на еколошкото образование и воспитание има свои недостатоци и предности, сепак во светот преовладува моделот на вградување на еколошки содржини, цели и задачи по наставните предмети во наставниот план“, соопштуваат од БРО.

    Бојан Шашевски

    *Текстот е напишан во склоп на проектот „На час“, чии активности се финансирани и се спроведуваат во партнерство со Фондација Отворено општество – Македонија.

  • Më tepër ekologji në orë, më pak plehra në mesin tonë

    31/10/2017 LAJME, ARSIM

    Ekologjia si temë është e përfshirë në sistemin arsimor, por kjo më tepër në letër sesa në realitet.  Normalisht, disa shkolla punojnë më tepër, disa më pak në lidhje me këtë temë, por përshtypja e përgjithshme është se duhet ende punë që të arrihet nivel i kënaqshëm. Respektivisht, niveli i ekologjisë përkon me hedhjen e plehrave dhe identifikimin e këtij aktiviteti si jo përkatës, konsideron Nikolla Neshkoski, kryetar i organizatës për mbrojtjen dhe avancimin e mjedisit jetësor, “Eko Logik”.

    “Eko Logik” është një nga shumë shoqata dhe iniciativa të cilat kërkojnë ekologjia më tepër të mësohet në arsimin formal.  Nëse do të jetë si lëndë e veçantë obliguese  “Ekologjia”, ose në formë tjetër, organizatat qytetare sugjerojnë përhapjen e mësimit për ekologji me qëllim nxënësit të moshave të ndryshme të fitojnë shprehi për përgjegjësi.

    Sipas aktivistëve, lëndët të tjera dhe Kembrixh programi janë tepër vëllimor, kështu që edhe vetë mësimdhënësit nuk kanë shumë kohë të ligjërojnë për llojet e ndryshme të plehrave, për riciklim, energji, qëndrueshmëri, modele për transport…

    Gjithashtu, konsiderojnë se me edukim ekologjik më efektiv të rinjtë do të ngelin të përkushtuar për ngjarjet në rrethinë, dhe me këtë dhe kritik më të azhurnuar për çdo uzurpim në hapësirën publike. Më aktiv kur dikush shkatërron rripe të gjelbër, kur e ndot ajrin ose ujin, kur shërbimet komunale nuk e kryejnë detyrën e tyre, ose kur do të shohin se diçka mungon, dhe vetë të aktivizohen dhe të reagojnë.

    Jo vetëm në Facebook ose ndërmjet vete, por të rinjtë rregullisht ta rruajnë dhe rregullojnë hapësirën publike, e cila konsiderohet si indikator për kulturën qytetare.  Të fillojnë nga problemet me fqinjësinë, nga mëhalla, sepse aty fillon veprimi i komunitetit dhe krijohen projekte progresive.

    “Përfundimisht duhet të punohet për ndryshimin dhe përmirësimin e kurikulave.  Duhet të forcohet ekologjia, të bëhet prioritet.  Fëmijëve u duhen lëndë të reja dhe / ose aktivitete të cilat kanë për qëllim të afrojnë ekologjinë, dhe kjo nëpërmjet metodave dhe veglave interesante dhe inovative.  Për shembull, ne si organizatë deri ta kemi krijuar 2 lojëra edukative me temë efikasiteti energjetik dhe transporti i qëndrueshëm.  Nëpërmjet lojës dhe argëtimit i promovuam, edhe atë në më tepër se 30 shkolla”, thotë Neshkoski.

    Rezultatet nga e gjithë kjo ishin të shkëlqyera.  Nëpërmjet lojës fëmijëve ju kanë dhënë të mësojnë “libër” me temë të caktuar.  Dhe kjo ka funksionuar.

    “Për këtë flas. Nevojitet novitet, nevojitet freski në mënyrën se si realizohet mësimi.  Dhe kjo nuk paraqet një risi në botë, trendi shkon në atë drejtim – mësimi nëpërmjet argëtimit, mësimi nëpërmjet lojës. Nëse mendojmë si fëmijë, dhe pyesim veten çfarë do të bëjë gjatë ditës, përgjigja do të jetë: të luajë!”, thekson Neshkoski nga “Eko Logik”, ekipi i të cilit e formoi edhe qendrën edukative për fëmijë “Zhebec”.

    Sugjerim i Neshkoskit është organizatat qytetare më tepër të përfshihen në të gjithë procesin e edukimit ekologjik në institucionet.  Gjithashtu, bashkëpunim më i madh ndërmjet OJQ- sektorit dhe ministrive për Arsim dhe Mjedis Jetësor.

    “Pse e them këtë? Sepse vitet e fundit arsimi joformal, ose më mirë thënë – metodat në arsimin jo formal po tregohen si shumë efikase.  Është koha një pjesë të tyre ti përdorim në sistemin arsimor formal”, thekson Neshkoski.

    Për Meri Kondov nga iniciativa Shkup Smog Alarm nuk ka dilema se ekologjia duhet të implementohet në arsim. Prindërit si ajo, thotë Kondov, me mënyrën e shpejtë të jetës, nuk kanë kohë të mjaftueshme fëmijëve të tyre tua bartin të gjitha normat morale dhe etike për sjellje të përgjegjshme ndaj rrethinës.

    “Megjithatë fëmijët mesatarisht kalojnë nga 8 deri në 10 orë në shkollë. Ai është mjedisi i vetëm ku mund të mësojnë më tepër rreth këtyre punëve.  Jo se familja nuk duhet të përpiqet ta mësojë, por realisht një orë eko –arsim, ose ngjashëm se si mund të quhet, përfundimisht ju duhet”, konsideron Kondov.

    E konfirmon domosdoshmërinë për zgjerimin e horizonteve.  Respektivisht, jo vetëm të mësohet fëmija se sit ë mbjellë dru për ditën e drurit, ose sit ë hedhë plehrat në shportën e plehrave.

    “Vetë infrastruktura e shkollës duhet të punojë në qasjen.  Si transport alternativ të përdoret edhe nga prindërit, edhe nga fëmijët.  Kjo është pjesë e një sistemi të komplikuar, mirëpo ide dhe iniciativa ka një sërë! Qëndrimi i përgjithshëm it ë gjithë eko – organizatorëve është se duhet të ketë lëndë e cila në mënyrë aktive do të merret me edukimin e fëmijëve. Ekologjia të formalizohet. Njëlloj si larja e duarve që bëhet shprehu e gravuar në trutë  e vegjël të fëmijëve, të bëhet edhe ajo që duhet të vihet në shkollë me biçikletë, dhe jo me mamanë ose babin me automjet.  Të mos lihet ndezur drita përderisa nuk ka fëmijë në klasë dhe ngjashëm”, thotë ajo.

    Kondov e përmend shfaqjen “Qyteti lut: Më ngulfatët, më dhemb (Градот моли, Ме угушивте ме боли), që u punua së bashku me “Kolektiv Veternica”. Është muzikal edukativ për fëmijë, i realizuar nga fëmijët për fëmijët.  Ideja është me atë shfaqje të hynë në kornizat e shkollave.

    “Shfaqja përfundon me këshilla nga fëmijët për fëmijët, si të sillen në jetë, në përgjithësi. Nuk mendoj se përgjegjësi më e madhe është si të kujdesesh për celularin tënd, sesa ti hedhësh plehrat ose me çfarë transporti do të vish në shkollë. Janë shtrembëruar vlerat, por, udhëhiqem nga vetja, personalisht si nënë ekologe fëmijës tim për ditë i flas – mos e shpenzo letrën higjienike sepse bëhet nga druri, ndërsa druri duhet të prihet etj.  Fëmijët kuptojnë shumë më shpejt nga të rriturit.  Ata janë e ardhmja e shoqërisë. Ne sot jemi aktivistë, ndërsa nesër presim nga gjeneratat tona ta bartin dijen”, thotë përfaqësuesja e Shkup Smog Alarm.

    Nga Byroja për Zhvillimin e Arsimit (BZHA) pohojnë se mbajnë llogari për përfaqësimin e përmbajtjeve mësimore ekologjike.  Sipas tyre vëmendje të veçantë meritojnë parimet dhe metodat për formimin e kulturës ekologjike të personalitetit të fëmijës nga mosha shkollore, në mënyrë që të nxisë interesin e fëmijëve dhe ata të shërbejnë si bazë për një sjellje të përgjithshme dhe për ndërtimin e vetëdijes ekologjike dhe kulturës ekologjike.

    “Prandaj nevojitet programet arsimore të paramendohen nga aspekti ekologjik, respektivisht qëllimet e tyre dhe detyrat, në mënyrë eksplicite ose implicite të iniciojnë edukim ekologjik”, njofton për Radio MOF Oliver Stanojoski, Këshilltar për Komunikime dhe Raporte me Publikun në BZHA.

     

    Tek ne, njofton ai, programet e atilla mësimore, janë ato që janë përpiluar kohën e fundit. Si për shembull “Shkencat natyrore dhe shoqëria” në mësimin e klasor të arsimin fillor, lënda zgjedhore “Edukimi për rrethinën”, pastaj “Shkathtësi jetësore” në orët e kujdestarisë, lënda “Shoqëri qytetare”.  Gjithashtu, nga BZHA, pohojnë se lëndët e përpiluara nga aspekti ekologjik ekzistojnë edhe në arsimin e mesëm, por edhe më shumë aktivitete jashtë arsimore si pastrimi dhe rregullimi i oborrit të shkollës, përpunimi i projekteve ekologjike për kursimin e ujit, për kursimin e energjisë…

    Qëndrimi i BZHA është se arsimi ekologjik është proces i cili duhet vazhdimisht të mbi ndërtohet dhe zgjerohet, por, mos jetë lëndë e veçantë e obligueshme, që të ngarkohen tepër nxënësit në mënyrë plotësuese, por në më  shumë lëndë, ndër – kurikular.

    “Në botë ende ekziston debat rreth asaj nëse arsimi ekologjik formal duhet të jetë ndër – kurikular, interdisiplinar ose lëndë e veçantë arsimore.  Edhe përpos faktit se çdo model i arsimit ekologjik dhe edukimit ka mangësitë e veta dhe përparësitë, megjithatë në botë sundon model i inkorporimit të përmbajtjeve ekologjike, qëllimeve dhe detyrave në lëndë mësimore në plan mësimor”, njoftojnë nga BZHA.

    Bojan Shashevski

     

    *Teksti është shkruar në përbërje të projektit “Në Orë”, aktivitetet e të cilin financohen dhe realizohen në partneritet me Fondacionin Shoqëri e Hapur – Maqedoni.