Студентскиот пленум, за потребите на првиот студентски референдум на УКИМ кој ќе се одржи во среда, објави повик за волонтери од сите факултети кои ќе бидат дел од изборните комисии на соодветните факултети.
За да се пријават, заинтересираните студенти треба да пополнат кус прашалник со своите основни податоци на следниов линк.
Во повикот се наведува дека Сенатот на УКИМ ќе одлучува за иднината на студентското организирање на Универзитетот и дека овој неформален и необврзувачки референдум ќе има за цел да ја зголеми моралната одговорност на Сенаторите, за да го чујат гласот на студентите.
Референдумското прашање ќе гласи: „Студенту, дали телото кое те претставува, во рамките на универзитетот, да продолжи да биде невладина организација?“.