Повредени неколку пратеници, се повеќе луѓе влегуваат во Собрание

Упадот на демонстрантите во Собранието донесе повредени пратеници. Неофицијално, повредени се Зоран Заав, Дамјан Манчевски, Максим Димитриевски и Зијадин Села. Состојбата е тензична, особено во Прес центарот.

Како што пренесува репортерката на Радио МОФ, Никола Тодоров заедно со своето обезбедување, излегол надвор од Собранието. Веднаш потоа, бил изнесен повредениот човек на фотографијата, кој таа не успеа идентификува поради раскрвареното лице.

тепање

Таа додава и дека се повеќе луѓе доаѓаат, а многу од нив носат црни качулки. Полиција се уште нема во голем број.

Дел од домашните медиуми од терен информираат дека им е оштетена опремата.

Во Собранието, демонстрантите пејат народни песни и скандираат „Избори!“. Повикуваат да се поништат сите одлуки кои беа донесени денес, и веднаш да се распишат нови избори.