Попладнево изби пожар во студентскиот дом „Гоце Делчев“. Според командантот на противпожарната бригада на Град Скопје Благоја Менковски, огнот зафатил две простории на приземје, со површина од околу 50 метри квадратни. Нема повредени, а се утврдува материјалната штета и причината за пожарот. Според студентите кои во паника излегле од студентскиот дом, собата била празна.
Репортерот на Радио МОФ кој е на местото на настанот ги испрати овие фотографии: