Во периодот од 14-16 септември, во Драмски театар во Скопје ќе бидат одиграни три театарски претстави. Парите од билетите ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Во среда (14.09.2016) во 20 часот ќе биде поставена „Буре барут“, во режија на Сашо Миленковски. Во четврток (15.09) ќе се одигра „Снежана и седумте џуџиња“ на режисерот Димче Николовски, со почеток од 19 часот.
Во петок (16.09) од 20 часот, пак, во Драмскиот театар ќе биде одиграна претставата „Чолак“, во режија на Синиша Евтимов.
Билетите за сите три претстави чинат 150 денари.