Продолжуваат протестите за почист воздух во Скопје

Жителите на скопските населби Железара и Автокоманда не се откажуваат од својата намера да ги натераат надлежните да преземат мерки за намалување на загадувањето и запирање на чадот кој секојдневно ги труе од фабричките оџаци на индустрискиот комплекс Железарници. Следниот протест е закажан веќе за утре во 17 часот, а граѓаните ќе се соберат пред влезот на фабриката, што е и зборно место за протестите.

Продолжуваат протестите за почист воздух во Железара

„Продолжуваме до главните семафори во Автокоманда и ако има доволно народ, ќе одиме до плоштадот Македонија, каде што се надеваме дека ќе не чујат поголем број граѓани. Ова е проблем на цело Скопје, не само на околните населби на фабриката, а поддршка ни треба од секој. Ќе продолжиме со протести, но не секој ден кај нас, во населбата Железара, тоа беше направено за да ги освестиме локалните жители….одиме понатаму, со протести пред амбасади се надевам, пред министерства, ќе пробаме да ги рашириме на малку повисоко ниво, да видиме дали така ќе допреме до оние што се должни за да го решат овој проблем“, вели за Радио МОФ, Кристијан Узунов од иницијативата Загрижени граѓани поради загадувањето во Скопје.

zelezara

Оттаму посочуваат дека расте бројот на граѓани што ја даваат својата поддршка, свесни за влијанието на загадениот воздух врз нивното здравје. Велат дека нема да се откажат од протестите се додека не се најде решение за горливиот проблем.

10468097_10203027610109451_Продолжуваат протестите за почист воздух во Железа

Владата иако беше децидна дека на први април ќе стави клуч на сите индустриски загадувачи што ги немаат исполнето еколошките стандарди за работа, сепак ги продолжи роковите. Така, еден од најголемите загадувачи во скопско , фабриката „Макстил“ во Железара, без исполнети стандарди ќе може да работи до крајот на октомври.