Книжевниот центар Антолог, како дел од активностите на фестивалот Bookstar, ќе одржи промоција на две биографии од полската писателка Агата Тушињска – „Обвинета: Вјера Гран“ и „Свршеничката на Бруно Шулц“. Таа ќе пристигне од Канада, каде прими високо признание. Промоторка на авторката ќе биде Соња Стојменска-Елзесер.
Промоцијата ќе се одржи утревечер (2 ноември), со почеток во 20 часот во Јавна соба.
„Деликатна жена. Талентиран автор. Голема дама. Борец. Секогаш со стил, но и мошне контроверзна. Ја претставуваме со две биографии – на Вјера Гран – полската Марлен Дитрих, и на Бруно Шулц. Прекраснотии. Студирала драмски уметности, но литературата и новинарството ја маѓепсале. И таа сега нас не` опчинува со своето пишувачко магично стапче“, се вели во најавата за настанот.
По промоцијата следува забава за која ќе се ќе се погрижи групата „Перија“.
Фестивалот „BookStar“ е поддржан од Европската Унија, Министерството за култура на Република Македонија, Амбасадите на Кралството Холандија и на Република Полска. Логистичката поддршка е на Јавна соба.