-
Со желба за подобар животен стандард и подобро платена работа, студенти и млади луѓе од Македонија се решаваат да заминат од земјата и да останат „на црно“, работејќи најчесто нешто за кое не учеле. И покрај истекот на визата и работната дозвола, чие времетраење варира од држава во држава, тие не се откажуваат од можноста што им ја даваат западните држави, бидејќи, како што повеќето велат, немањето основни услови за живот ги натерало да го направат тоа.
Д.Ј. студентка на Факултетот за туризам во Скопје, по потекло од Македонска Каменица за Радио МОФ вели дека првично заминала бидејќи сакала да прошета. Америка за неа претставувала неостварен сон, па затоа минатата година аплицирала и добила за виза преку програмата Work & Travel, која трае три месеци. Сепак, студентката од Македонија, останува во САД и по истекот на визата. За Радио МОФ вели дека иако нема работна дозвола, работи како диспечер во фирма за камиони во Њу Џерси.
„Не беше лесна одлуката да останам, но со помош на другарка успеав. Таа ме смести вечерта кога пристигнав, а веќе наредниот ден барав сместување и работа. Не беше тешко да се најде, работа има во изобилство и е добро платена. Се одлучив да останам поради поубав живот, иднината што си ја замислувам за себе“, ни раскажа Д.Ј преку Фејсбук.
Вели дека жали што е оддалечена од своето семејство и пријателите, но не планира да се врати назад. Сепак, додава, отсуството на некои документи го ограничувале изборот на работа.
„Лична карта и социјален број ако имаш е голема предност и можеш да работиш. Ги имам сите права, не сум лишана од ништо, работа, возам кола. Не сум државјанин, но ги уживам правата како граѓанин на Америка. Тоа што немам работна дозвола не влијае многу, мала е разликата во износ на платата. Тука се гледа искуството, интересот и снаодливоста. Од платата што ја заработувам можеш да си дозволиш се што посакаш. Тоа што во Македонија можеш да го сонуваш, овде го имаш на дофат“, вели Д.Ј.
Друг случај е Ј.З. од Кичево, кој во последната година од своите студии на Факултетот за земјоделски науки во Скопје, со својата девојка заминале во Чикаго, каде живеат веќе две години. И тој потврди дека работа се наоѓа лесно, но со ограничен избор.
„Од Македонија заминавме со мојата девојка поради мизеријата, поради немањето на нормални услови за живот“, вели тој.
На почеток, работа барале кај Европејци, или кај луѓе што не се од Америка, кои ќе можат да ја разберат нивната ситуација.
„Кога си дојден преку Work and Travel ништо не е нелегално, ги имаме сите потребни документи, како лична карта, возачки, плаќаме даноци секоја година, само што немаш пасош за да се вратиш во Македонија, или пак, да се вратиш во САД. Работна дозвола немаме, но тоа не влијае на платата“, објаснува младиот Ј.З, кој работи како доставувач. Тој додаде дека покрај Македонци, Чикаго е дом и на голем број млади луѓе од Полска, Украина, Молдавија, и од речиси целиот Балкан.
Што се однесува на платата, појасни дека е возможно да се заработи со една, и тоа да биде доволно. Конкретно нив, им останувале до 40 осто од платата, кога ќе се подмират трошоците за стан, храна, даноци и сметки.
Во Германија, пак, сликата е поинаква. Таму се бара солидно познавање на јазикот, а предност имаат оние кои знаат и англиски јазик. Скопјанката М.С. за Радио МОФ вели дека оние кои решиле да останат подолго од три месеци, можат да најдат работа претежно во кафулиња и ресторани, бидејќи за тоа ретко кога се барала работна дозвола. М.С. престојувала неколку месеци во Бремен. Во Германија вели наидувале на чести контроли, но полицијата била љубезна со оние кои немале документи, па често поминувале само со предупредување.
„Тоа што млад човек работи без работна дозвола во оваа држава, значително влијае на неговата плата. Ако јас земав плата како келнерка од 500-600 евра месечно, останатите земаа по 1000 евра“, вели таа, нагласувајќи дека овие пари не биле доволни за прехранување и сместување. Според неа, за да се заработи и барем дел од парите да се заштедат, потребно е некој близок да помогне со престој.
Сепак, не секој успева да стигне во ветената земја Америка. Марија од Кавадарци, магистер на Правниот факултет веќе неколку години се обидува да аплицира за американска виза, но неуспешно.
„Аплицирав во потрага по интересно лето, пари, прошетка, да ја видам Америка. Сакав баланс од шетање и заработка. Тоа е одлична можност. Да се вратев со 3 000 долари ќе бев задоволна, а има некои што заработуваат и по 15 000 долари. Познавам дечко што купи стан во Скопје, со помош на парите што ги заработи како келнер три лета. Но, проблемот е кога ќе те одбијат за виза, нема каде да се жалиш, дури и да увидат дека неправедно те одбиле нема да си ја повлечат одлуката, а финансиските импликации од одбивање виза се големи“, вели Марија за Радио МОФ.
Според Зоран Кочоски од туристичката агенција „Коузон“, деведесет отсто од оние на кои им истекла визата остануваат нелегално. Сепак, додава тој, бројката на студенти кои ги користат програмите „Work and Travel“, по што остануваат во странство, не надминува од 7 до 12 отсто од вкупниот број на студенти што заминуваат.
Кочоски појаснува дека иако студентот мисли оти го регулирал статусот, тоа е само привремено регулирање на статусот со продолжување на виза, или со трансферирање на визата со право да следат настава. Тоа се полулегални форми на останување, но генерално третманот кој студентите би го имале во Америка би се третирал како нелегален престој.
„Работна дозвола немаат, можеби ќе најдат некаде да работат, но работна дозвола, право да ја напуштат Америка и да се вратат повторно немаат. Немаат право на социјален број, никој не им плаќа здравствено осигурување ако нешто се случи со нив, треба да си платат од свој џеб. Тоа особено не е пожелно во Америка, бидејќи медицинските услуги се екстремно скапи“, вели Кочоски.
Како главни фактори за нивното заминување ги посочи општествените случувања во државата, или можеби нивниот статус на факултет, сепак, нагласи дека тоа не е форма за масовно иселување на млада популација.
„Проблемот е во општествената клима во Македонија, бидејќи дел од младите мислат дека не можат да успејат, или се плашат да пробаат, знаејќи дека успехот зависи од многу други фактори. Нивниот релативен успех се должи исклучиво на можноста да работат и можноста да имаат плус некој долар во џебот, нема друг успех. Тој доаѓа после многу години работа“, смета Кочоски, кој посочи дека останувањето „на црно“ не претставува одговорност на туристичките агенци, туку на самиот студент.
Кочоски посочи дека само две дестинации се генерално можни за масовно заминување на студентите на студентска пракса и летна студентска работа.
„Едната е Америка, која повлекува над 80 од вкупниот број на заинтересирани студенти и последниве неколку години се отвора многу минимална можност за некаква форма на престој и работа во Германија. Нема трета дестинација каде што вие можете да вработите студенти на летна студентска работа. Програмите се дефинираат од страна на владите, за тоа кои сакаат да примат студенти“, објасни тој.
Но, иако изгледа дека се повеќе студенти ги користат овие програми, всушност не е така, вели Кочоски. Според него, проблем е тоа што образовниот систем не е прилагоден на нивните програми, факултетите закажуваат испитни сесии во втора половина или до крајот на јуни, а поради тоа не може да се најде студентска пракса или размена на студенти во период пократок од два месеци. Еден од предусловите е токму тоа, студентот да ги заврши сите обврски кон факултетот.
Искуствата на студентите велат дека на оние кои останале нелегално во странство, им остануваат неколку можности. Ако се во САД, постои можноста да стапат во брак со тамошен државјанин, да добијат работна дозвола, или пак 10 години да не излезат во државата во текот на кои ќе ги подмируваат сите давачки и даноци. Слична е ситуацијата и во Германија, со тоа што, за младите од Македонија да добијат работна дозвола, најчесто за конкретното работно место не треба да биде заинтересириран ниту еден Германец, или пак, државјанин од земјите членки на ЕУ.
Е. П.
-
Punë “në të zezë” në SHBA dhe Gjermani, studentët maqedonas kërkojnë jetë më të mirë
Me dëshirën përnjë standard më të mirë jetese dhe pune më mirë të paguar, studentët dhe të rinjtë nga Maqedonia vendosin të largohen nga vendi dhe të qëndrojnë “në të zezë”, duke punuar zakonisht diçka për të cilën nuk kanë mësuar. Pavarësisht skadimit të vizave dhe lejes të punës, kohëzgjatja e së cilës ndryshon nga vendi në vend, ata nuk heqin dorë nga mundësitë që u japin vendet perëndimore, për shkak se,siç thonë shumica, mungesa e kushteve bazë të jetesës i ka shtyrë ata ta bëjnë këtë.
D.J. studente në Fakultetin e turizmit në Shkup, me origjinë nga Makedonska Kamenica për Radio MOF thotë se fillimisht u largua për shkak se donte të shëtiste. Amerika për të paraqiste një ëndërr e parealizuar, kështu që vitin e kaluar ajo aplikoi dhe mori vizë nëpërmjet programit Work & Travel, e cila zgjat tre muaj. Megjithatë, studentja nga Maqedonia, mbetet në Shtetet e Bashkuara edhe pas skadimit të vizës. Tani, thotë për Radio MOF, edhe pse nuk ka leje pune, punon si dispeçer në një firmë për kamionë në Nju Xhersi.
“Nuk ishte vendim i lehtë që të mbetem, por me ndihmën e një shoqes ja dola. Ajo më vendosi natën kur arrita, ndërsa të nesërmen kërkoja punë dhe strehim. Nuk ishte e vështirë të gjeja punë, ka me bollëk dhe paguhet mirë. Vendosa të mbetem për shkak të jetesës më të mirë, për të ardhmen që e imagjinoj për veten”, na tregon D.J. përmes Facebook-ut.
Thotë se i vjen keq që është larg familjes dhe miqve të saj, por nuk planifikon të kthehet. Megjithatë, shton ajo, mungesa e disa dokumenteve ja kanë kufizuar zgjedhjen e punës.
“Nëse ke letërnjoftim dhe numrin social është përparësi e madhe dhe mund të punosh. I kam të gjitha të drejtat, nuk jam e privuar nga asgjë, punoj, drejtoj makinë. Nuk jam nënshtetase, por i gëzoj të drejtat si qytetare e Amerikës. Ajo që nuk kam leje pune nuk ndikon shumë, ndryshimi është i vogël në pagë. Këtu shohin përvojë, interesin dhe shkathtësinë. Nga paga që e fitoj mund t’i lejoj vetes gjithçka që dëshiroj. Atë që në Maqedoni vetëm mund ta ëndërrosh, këtu e ke të arritshme “, thotë D.J.
Një rast tjetër është J.Z. nga Kërçova, i cili në vitin e fundit të studimeve të tij në Fakultetin e Bujqësisë në Shkup me të dashurën e tij shkuan në Çikago, ku jetojnë për dy vite. Edhe ai konfirmoi se puna gjendet lehtë, por me zgjedhje të kufizuar.
“U larguam nga Maqedonia me të dashurën time për shkak të mjerimit, për shkak të mungesës së kushteve normale të jetesës,” thotë ai.
Në fillim kërkonin punë tek evropianët, ose në njerëz që nuk janë nga Amerika, të cilët do t’i hynin në gjendje.
“Kur ke ardhur nëpërmjet Work and Travel asgjë s’është e paligjshme, e kemi të gjithë dokumentacion e nevojshëm, si letërnjoftim, patentën e shoferit, paguajmë taksa çdo vit, vetëm se nuk kemi pasaporta që të shkojmë në Maqedoni, ose të kthehemi në Shtetet e Bashkuara. Nuk kemi leje pune, por kjo nuk ndikon në pagë, “sqaron i riu J.Z, i cili punon si furnizues. Ai shtoi se përveç maqedonasve, Çikago është shtëpi për shumë të rinj nga Polonia, Ukraina, Moldavia, dhe pothuajse i gjithë Ballkani.
Sa i përket pagës, tha se është e mundur të fitojë vetëm me një punë, dhe kjo është e mjaftueshme. Konkretisht atyre, u mbetej deri në 40 përqind e pagës, kur do të shlyhen shpenzimet e banesës, ushqimit, taksave dhe faturave.
Në Gjermani, megjithatë, gjendja është më ndryshe. Atje kërkohet njohuri solide e gjuhës dhe përparësi kanë ata që dinë dhe anglisht. Shkupjania M.S. për Radio MOF tha se ata që kanë vendosur të qëndrojnë më gjatë se tre muaj, mund të gjejnë punë kryesisht në kafeteri dhe restorante, për shkak se për këtë rrallëherë kërkohet leje pune. M.S. ka qëndruar disa muajnë Bremen.Në Gjermania ka hasur në kontrolle të shpeshta, porpolicia është treguar e mëshirshme me ata që nuk kishin dokumente, dhe shpesh kalonin vetëm me paralajmërim.
“Ajo që një i ri punon pa leje pune në këtë vend ndjeshëm ndikon në pagën e tij. Nëse unë merrja një pagë si kameriere 500-600 euro në muaj, të tjerët merrnin 1,000 euro”thotë ajo, duke shtuar se këto fonde nuk ishin të mjaftueshme për ushqim dhe strehim. Sipas saj, për të fituar të paktën një pjesë të parave që kursehen, është e nevojshme që dikush i afërt t’ju ndihmojë me strehim.
Megjithatë, jo të gjithë arrijnë në tokën e premtuar të Amerikës. Maria nga Kavadarci,magjistre e Fakultetit Juridik tashmë disa vite përpiqet të aplikojë për një vizë amerikane, por pa sukses.
“Aplikova në kërkim të një vere interesante, të holla, shëtitje, ta shoh Amerikën. Doja baraspeshë me shëtitjes dhe të ardhurave.Kjo është një mundësi e shkëlqyer. Të kthehesha me 3000 dollarë do të isha e kënaqur, ka disa që fitojnë edhe nga 15 000 dollarë. Njoh një djalosh i cili bleu një banesë në Shkup, me paratë që i fitoi si kamerier për tre sezone. Por problemi është kur ta refuzojnë vizën, nuk ka vend për t’u ankuar, madje edhe sikur ta shohin se të kanë refuzuar me të padrejtë nuk do ta tërheqin vendimin, ndërsa implikimet financiare të refuzimin të vizës janë të mëdha, “tha Maria për Radio MOF.
Sipas Zoran Koçoski, i agjencisë turistike “Kouzon”, nëntëdhjetë për qind e atyre të cilëve u ka skaduar viza qëndrojnë në mënyrë jo legale.Megjithatë, shton ai, shifra e studentëve të cilët shfrytëzojnë programet “Work and Travel”, pas çka qëndrojnë në shtetet e huaja, nuk kalon prej 7 deri në 12 për qind të numrit të përgjithshëm të studentëve që largohen.
Koçoski, sqaron se edhe pse studenti mendon se e ka rregulluar statusin e tij, kjo paraqet rregullim të përkohshëm të statusit me vazhdimin e vizës, ose me transformimin e vizës me të drejtë të vijojnë mësimin. Këto janë forma gjysmë legale të qëndrimit, por në përgjithësi trajtimi të cilin studentët e kanë në Amerikë, do të trajtohej si qëndrim jo legal.
“Leje për punë, nuk kanë, ndoshta diku do të gjejnë punë, por leje pune, të drejtë të largohen nga Amerika dhe të kthehen përsëri nuk kanë.Nuk kanë të drejtë për numër social, askush nuk ju paguan sigurim shëndetësor, nëse ndodh diçka me ta, duhet të paguajnë vetë nga xhepi i tyre.Kjo në veçanti nuk është e dëshirueshme në Amerikë, për shkak se shërbimet shëndetësore janë të larta në ekstrem”, thotë Koçoski.
Si faktorë kryesorë për largimin e tyre i sugjeron ngjarjet shoqërore në shtet ose ndoshta statusi i tyre në fakultet, megjithatë, theksoi se kjo nuk është forma për shpërngulje masive të popullatës së re.
“Problemi qëndron te klima shoqërore në Maqedoni, për shkak se një pjesë e të rinjve mendojnë se nuk mund t’ia dalin, ose kanë frikë të provojnë, duke e ditur se suksesi varet nga shumë faktorë.Suksesi i tyre relativ, ka të bëjë ekskluzivisht me mundësinë të punojnë dhe mundësinë të kenë ndonjë dollar plus në xhep, nuk ka sukses tjetër. Ai vjen pas shumë vite punë”, konsideron Koçoski, i cili tha se qëndrimi “në të zezë” nuk është përgjegjësi e agjencisë turistike, por i vetë studentit.
Koçoski tha se vetëm dy destinacione janë të mundshme në përgjithësi për largimin masiv të studentëve në praktikë studentore dhe punë verore për studentë.
“Njëri destinacion është Amerika, e cila tërheq 80 për qind të numrit të përgjithshëm të studentëve të interesuar dhe disa vitet e fundit po hapet mundësi minimale për ndonjë formë të qëndrimit dhe punës në Gjermani.Nuk ka destinacion të tretë ku ju mund të punësoni studentë për punë verore. Programet përkufizohen nga qeveritë, në lidhje me atë kush do të pranojë studentë”, sqaroj ai.
Por edhe pse dukës se gjithnjë e më tepër studentë i shfrytëzojnë këto programe, në fakt nuk është kështu, thotë Koçoski. Sipas tij, problemi është se sistemi arsimor nuk është i përshtatur me programet e tyre, fakultetet caktojnë sesione provimi gjatë gjysmës së dytë ose deri në fund të qershorit, ndërsa për këtë shkak nuk mund të gjendet praktikë studentore ose këmbim i studentëve gjatë periudhës më të shkurtë se dy muaj. Një nga parakushtet është pikërisht ajo që studenti duhet ti kryejë të gjitha obligimet ndaj fakultetit.
Përvojat e studentëve thonë se ata të cilët në mënyrë jo ligjore kanë ngelur në vende të huaja, ju ngelin disa mundësi. Nëse janë në SHBA, ekziston mundësia të martohen me shtetas të atjeshëm të pajisen me leje për punë ose 10 vjet të mos dalin nga shteti gjatë të cilave do ti shlyejnë të gjitha detyrimet dhe tatimet. Të ngjashme janë edhe mundësitë në Gjermani, me atë që, kur të rinjtë nga Maqedonia, pajisen me leje për punë, zakonisht për vend pune konkret, nuk duhet të interesohet asnjë gjerman ose shtetas i vendeve anëtare të BE-së.