Радио МОФ ќе снима документарци за најзначајните македонски граѓански движења и промените кои ги предизвикаа

For English version of the text, click “English” / За текстот на англиски јазик кликнете „English“

  • Радио МОФ и Младинскиот образовен форум, во соработка со новинари хонорарци, во периодот од октомври 2017 до април 2018 година ќе снимат и продуцираат четири краткометражни документарни филмови на тема „Граѓанските права преку социјалните движења“.

    Радио МОФ и неговите соработници ќе создадат четири кратки документарци, посветени на хоризонтално организираните граѓански вижења Студентски пленум, Шарена револуција, Средношколски пленум и Протестирам.

    Преку документарците, новинарите ќе се обидат да обезбедат сведоштва од најгласните, но истовремено и маргинализирани актери во овие движења, базирани на архивски материјали од протести, полициска бруталност, притисоци и судски спорови против активистите.

    Четирите движења се избрани поради нивната важност и влијателност за политичките промени во македонскиот систем. Ќе бидат евиндентирани сите фази од нивното постоење: од јавувањето, преку растот, справувањето со кризата и полициската бруталност, сè досега – кога македонското општество ги чувствува нивните ефекти.

    Земајќи предвид дека МОФ и Радио МОФ им служат пред сè на младите, а младите се оние кои носат социјални промени, овој материјал треба да биде зачуван за наредните генерации, за да служи како мотивација за другите граѓани, но и како потсетник за институциите.

    Четирите филмови ќе бидат прикажани на јавен настан за положбата на активистите во македонското општество. Ќе бидат поканети претставници од Владата, кои ќе имаат можност да одговорат на прашањата на активистите за прекршувањата на човековите права, како се санкционира говорот на омраза и колку се почитува слободата на говор во Македонија.

    Серијалот ќе биде дистрибуиран и до значајни медиуми (ТВ станици, веб страници), државни институции и невладини организации, кои би продолжиле со прикажување на производот.

    Проектот е финансиран од Европската унија, преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумската слобода и слободата на изразување во Западен Балкан“, имплементирана од Асоцијацијата на хрватски новинари, како дел од регионалниот проект на Регионалната платформа на Западен Балкан за Заштита на слобода на медиумите и безбедност на новинарите. Проектот го спроведуваат шест регионални новинарски здруженија – Асоцијацијата на независни новинари на Србија (IJAS), Асоцијацијата на новинари на Босна и Херцеговина (BHJ), Асоцијацијата на хрватски новинари (CJA), Асоцијацијата на новинари на Косово (AJK), Здружението на новинари на Македонија (AJM) и Синдикатот на медиуми на Црна Гора (TUMM).

     

     

     

     

  • Radio MOF and the Youth Educational Forum, in collaboration with freelance journalists, will film and produce four short documentary films about “Civil rights through social movements”, between October 2017 and April 2018.

    Radio MOF and its collaborators will create four short documentaries about the horizontally organized civil movements Student Plenum, Colorful Revolution, High School Plenum and I Protest (Protestiram).

    Through the documentaries, the journalists will try to show the testimonies of the louds, but at the same time marginalized actors of these movements, based on the archive materials from protests, police brutality, pressures and litigations against the activists.

    The four movements have been chosen because of their importance and impact on the political changes in the Macedonian system. Every phase of their existence will be shown: from their occurrence, growth, dealing with crisis and the police brutality, up until now, to the effects they have caused in Macedonian society.

    Taking into account that the Youth Educational Forum serves the youth, and young people brought social change, we think it is necessary to save this material for the new generations, so they will serve as a motivation for other citizens, but also as a memory to the institutions.

    The four films will be presented at a public event about the position of activists in Macedonian society. Representatives of the Government, who will have a chance to answer the questions of the activists about their answer to the abuse of human rights, how is hate speech sanctioned and how much is freedom of speech respected here.

    The series will also be distributed to influential media (TV stations, web sites), national institutions and NGOs, that are willing to continue share the final product.

    This project is funded by the European Union through the small grants programme “Protecting Media Freedom and Freedom of Expression in the Western Balkans” implemented by the Croatian Journalists’ Association as part of the regional project Western Balkan’s Regional Platform for Advocating Media Freedom and Journalists’ Safety, carried out through partnership of six regional journalists’ associations – Independent Journalists’ Association of Serbia (IJAS), Association of BH Journalists (BHJ), Croatian Journalists’ Association (CJA), Association of Journalists of Kosovo (AJK), Association of Journalists of Macedonia (AJM) and the Trade Union of Media of Montenegro (TUMM).