Во моментот кога ќе пристигнеш на Теранео забораваш на 24-те часа поминати во турбофолк музика и турски серии измешани во автобусот до Шибеник. Веднаш се приметува дека ова со текот на годините станува посериозен настан во однос на тоа колку се е организирано и пристапно.
За да се доживее целосно приказната која ја нуди Теранео, мора да се присуствува во кампот. Иако заради доцното пристигнување немавме време да ги поставиме шаторите под сенка, кампот е одличен затоа што нуди премногу можности за да се пополни времето: еколошки, DJ работилници, Теранео пештерата и се разбира, добра музика. Нас не пречека бендот Никол и Лука на акустичната сцена во камот кои ств знаеа да го разубаваат одморот кој ни беше потребен. Откако го поставивме шаторот со помош на волонтерите, се упативме на фестивалот.
Еyesburn започнаа на главната Тера сцена кои иако настапуваа пред помал број публика успеаа да ја забавуваат преку својот енергичен став и достоинствено да го отворат Теранео. Веднаш можеше да се забележи како фестивалот се полнеше со различни ликови поради различноста на најавените бендови. Од панк со мешавина на реге преминавме на нежната Emiliana Torrini, која после својот дебитански албум ја достигна славата за која најчесто работела во позадина на славните пеачи. Атмосферата беше таква што не можеше никој да не ужива во нејзините песни дури и ако не е нејзин фан. Тогаш Тера стејџот ја заслужи нашата доверба и останавме на него да ги слушаме Фундаментал, кои во последен момент се појавија како замена за Азалија Бенкс и ги одржуваа луѓето „во форма“.
Тие ја кренаа атмосферата колку што можат за да не подготват за она што сите го очекувавме – легендарните Продиџи. Не верувам дека може да се пренесе целосно тоа што они се способни да го направат како артисти и начинот на кој тие се поврзуваат со публиката, која не престанува да се движи од возбуда дури ги слуша нивните хитови. Сценски неверојатни како и секогаш тие повеќе од 2 и пол часа ја „полудуваа“ публиката. Веднаш понив започна Коан саунд, кои кои за толку млади луѓе е неверојатно што се имаат постигнато од соработка од со Prodigy и Noisia до добивање нанаградата за Best breakthrough аrtist. Но, кога започнаа со нивната музика стана јасно зашто се толку популарни а и воедно забавни. Сакајќи да видиме што се повеќе ни нуди Теранео се упативме на Аква стејџот каде Chew the fat веќе ја забавуваа многубројната публика и низ повеќе веќе познати хитови ги извлекоа последните сили во мене.
Сара Миленковска