Вклучување на граѓаните во локалното владеење и посочување на општински проблеми е целта на нашата последна кампања, па затоа отвораме награден конкурс за разгледница #ДрaгГрадоначалнику.
Обично разгледниците значат поштенски картички со колоритна, пријатна фотографија од некое место. Но, ние нудиме и можност да ги „поздравите“ општинските власти со разгледница која ќе прикаже и објасни очигледен проблем од вашата околина. Секако освен забелешките дозволени се и пофалби на сметка на градскиот татко, доколку со некоја активност го заслужил тоа.
Можете да креирате разледници со различна проблематика од животната средина, образованието, културата, урбанизмот… Од диви депонии, дупки на патот, руинирани објекти, запуштени површини, загадена вода, па се до потребата за ново кино во општината, за потенцијална корупција или за неразумно однесување на граѓани и локални служби.
За да создадеме комплетна разгледница, потребно е да пратите графички дизајн, илустрација или фотографија + краток текст со вашата порака/забелешка/пофалба. Од вашите материјали, Радио МОФ ќе креира формат на разгледница, која може да се праќа до градоначалниците. Најдобрите ќе бидат наградени.
Материјалите за разгледниците треба да се испраќаат со име и презиме или под псевдоним, заедно со телефонски број на info@radiomof.mk, под назнака „Награден конкурс за #ДрагГрадоначалнику“.
Конкурсот започнува денес 21 јуни, а трае до 28 јуни, на пладне. Гласањето потоа ќе трае од 28 до 30 јуни, на пладне. Најдобрите разгледници ќе ги бираат нашите читатели преку лајкови на Фејсбук, заедно со жирито од Радио МОФ.
Најдобрите три разгледници како награди ќе добијат Action camera, JBL speaker и Power bank (погледни подолу).
Со конкурсот, Радио МОФ ја затвора кампањата #ДрагГрадоначалнику.
За секакви дополнителни прашања околу конкурсот можете да ни се обратите на мејл или преку нашата Фејсбук-страница.
Повикот е отворен и спроведен од Радио МОФ, а поддржан од National Endowment for Democracу.