ЦИВИЛ – Центар за слобода беше мета на провала и кражба во текот на продолжениот празничен викенд, соопшти организацијата.
Како што наведуваат, причинета е поголема материјална штета, односно украдени се компјутери, монитори, хард дискови, камера, телефони и друго.
Без оглед на мотивите, тие ја информираат јавноста дека ЦИВИЛ ќе продолжи со вообичаената динамика на работата.
„Се надеваме дека полицијата ќе спроведе брза и успешна истрага и ќе ги пронајде сторителите. Тимот на ЦИВИЛ се заблагодарува за бројните пораки на поддршка од граѓанките и граѓаните“, велат од ЦИВИЛ.