Нема преживеани во авионската несреќа кој се случи синоќа во селото Кожле. Малиот авион „пајпер“ се урнал 4 минути пред слетувањето на скопскиот аеродром, на два километри од Кожле, општина Петровец.
Според италијанските медиуми, со авионот управувал пилотот Франческо Монтањер, претседател на аеро-клуб во Тревизо, заедно со потпретседателот Дарио Бастасин.
Нивни сопатници биле и Анџело Калегари, Лука Дале Муле и Иларија Берти, како и двајца браќа од Косово, со презиме Бегај, кои имале намера да отворат аероклуб во Косово. Настраданите живееле во Треивизо, Падова и во Удине.
Јавен обвинител од утрово треба да врши увид на самото место на паднатиот авион, кој бил со германски национални ознаки.
Инаку, вчера во 17.40 часот авионот исчезна од радарите на контролата за летање на скопскиот аеродром. Авионот на аеродромот бил пријавен за полнење на гориво, по што требало да го продолжи летот до Приштина.