Левичарското движење “Солидарност” денеска соопшти дека го поддржува најавениот протест на СОНК во петок, како и дека нивни активисти ќе присуствуваат на протестот.
– Цениме дека нема политичка волја за решавање на натрупаните проблеми во образованието, па затоа го поддржуваме овој начин на вонинституционално, но законско покажување на незадоволството во време кога веќе не постојат можности за решавање на проблемите во институциите на системот.
– Истовремено ги охрабруваме професорите и останатите работници во што поголем број да го поддржат протестот, а подоцна и најавениот штрајк, затоа што кога институциите ќе се затворат пред барањата на работниците, штрајкот е најсилното оружје во нивните раце, се вели во соопштението.