„Сончев импулс“ полета од Њујорк за да го прелета Антартикот, што е една од потешките фази во обидот да го прелета целиот свет со користење на сончева енергија.
Пилотот Бертранд Пикард ќе се обиде да стигне во Севиља, Шпанија за 90 часа. Ова е прв обид да се премине Атлантикот со авион на соларен погон.
„Атлантикот ќе биде најдолгото растојание кое треба да го прелетаме оваа година“, вели тимот на „Сончевиот импулс“.
Летот требаше да започне вчера, но беше одложен поради лошите временски услови.
Пикард, кој по професија е психијатар, ќе го сподели својот пат долг 35 000 километри со швајцарскиот претприемач Андре Боршберг.
Авионот, кој има распон на крилата од Боинг 747, е покриен со 17 000 фотоволтаични ќелии за да ги прима сончевите зраци.
Тој слета на меѓународниот аеродром Џ.Ф. Кенеди во Њујорк на 11 јуни, по пет часа летање над Пенсилванија. Првпат полета на 9 март во 2015 година во Абу Даби, и ги прелета Азија, Пацификот, за да се врати во САД.