Обвинетиот за случајот со смртта на малиот Алмир Алиу од Куманово, нема да одговара за „убиство со умисла“, туку за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, откако на денешното рочиште обвинителката направи преквалификација на делото. Ова се случи во Судот во Куманово, кога беа изнесени завршни зборови на судењето против обвинетиот Бобан Илиќ, кого Обвинителството го гони за убиство на четиригодишниот Алмир.
На судскиот процес му претходеа повеќе протести за малиот Алмир и остро се осудуваа обидите да се направи преквалификација на кривичното дело. Со нив се бараше неселективна правда, како и Јавното обвинителство на Република Македонија, но и од Јавните обвинители како носители на функции, стручно и совесно да ја вршат нивната функција.
„Убиство е убиство!“ – протест против селективна правда за случајот со малиот Алмир
Македонската јавност пред две години ја потресе случајот со четиригодишниот Алмир од Куманово, кој беше прегазен, по што почина. На случката ѝ претходела расправија меѓу родителите на детето и осомничениот за прегазувањето. Ден по информацијата за неговата смрт, беше објавен и видеозапис од немилиот настан.