Неколку десетици ученици од средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ од Битола претпладнево, околу 10 часот, ја прекинале наставата и излегле во училишниот двор на протест против двојазичноста, јавува агенцијата Мета.
Учениците велат дека сами се организирале преку социјалните мрежи, бидејќи не се согласуваат со моменталната политика во државата „да учат албански јазик“. Учениците кои не протестирале, останале во училишните клупи.
Како што објави агенцијата, директорот не одговарал на телефонски повици, додека професори рекле дека денеска во училиштето имало просветни инспектори.