#СредношколскиПленум

Радио МОФ ги следи сите случувања поврзани со Средношколскиот пленум и протестите на учениците поради новиот концепт на државна матура и екстерното тестирање. За сите настани, барања и реакции на средношколците, наставниците и надлежните институции информирајте се на Радио МОФ.

Вторник, 28 април
Втора средба во МОН – средношколските барања одат во Влада

На денешната владина седница ќе бидат разгледани барањата на Средношколскиот пленум. Ова е ветувањето што им го дале министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми и заменик министерот Спиро Ристовски на претставниците на пленумот кои денеска беа повикани на втора средба во МОН…
Средношколците повикани на втора средба во МОН

Тројца претставници на Средношколскиот пленум денеска во 10 часот се повикани на втора средба во Министерството за образование и наука, информираат од пленумот.

Понеделник, 27 април

Се играат шах и карти, се водат долги дискусии. Дел од средношколците времето го кратат со по некоја книга, други со фризби, трети ги поправаат шаторите.  Средношколскиот камп пред Министерството за образование и наука беше поставен утрово, како начин на радикализирање на средношколското дејствување поради незадоволството од новиот начин на полагање државна матура и екстерното тестирање…
11173588_747879975329889_870249407_n
Средбата на претставници од Средношколскиот пленум и министерот за образование Абдилаќим Адеми и заменик министерот Спиро Ристовски заврши без договор за прекин на протестот. Средношколците најавија продолжување на бојкотот на наставата и кампувањето пред МОН.
Тројца претставници на Средношколскиот пленум се поканети на средба во МОН, само еден час откако почнаа со поставување на кампот пред зградата во која е сместено ресорното министерство.
Средношколците од Средношколскиот пленум утрово поставија камп во Паркот на новинарите, спроти зградата во која се наоѓа Министерството за образование и наука“, во знак на револт од игнорантскиот однос кон нивните барања. Тие велат дека четвртата недела од бојкотот ја продолжуваат со 24-часовно кампување пред МОН, со што ги радикализираат протестите.

Недела, 26 април

Во 10 часот утре, средношколците од Средношколскиот пленум ќе постават камп во Паркот на новинари спроти зградата во која се наоѓа Министерството за образование и наука. Тие велат дека четвртата недела од бојкотот ја продолжуваат со 24-часовно присуство пред зградата, по што очекуваат дека министерот Абдулаќим Адеми што поскоро ќе ги повика на разговор…

Четврток, 23 април

Средношколци и студенти: Образованието ни се распаѓа

Илјадници средношколци, студенти, професори, наставници и граѓани, денеска го одржаа досега најмасовниот марш против новите реформите во образованието.

Блог во живо@Средношколски марш

Репортерите на Радио МОФ денеска на терен ќе ги следат сите случувања околу средношколскиот марш кој ќе започне во 12 часот, од фонтаната во Градски парк кон Владата на Република Македонија, па се до Министерството за образование.

Среда, 22 април

Доста беше молк и доста беа реформи зад затворени врати, велат средношколците кои повикаа на масовна поддршка за маршот. Од Средношколскиот пленум информираат дека подготовките течат без прекин, а од маршот очекуваат голема поддршка од своите соученици, наставници, професори, студентите, родители и останати граѓани.
Вторник, 21 април
Бојкотот на учениците не е проблем на еден наставник, не е проблем ниту на едно училиште, туку е проблем на ниво на државата. Единствена институција која е повикана и може да го реши проблемот со кој сите ние сме соочени е токму МОН, , а тие и понатаму молчат и ги игнорираат средношколците!
„Во оваа смисла, битката на Средношколскиот пленум против етатистичката и бирократска контрола врз организирањето и спроведувањето на образованието во Република Македонија ја разбираме како природно надоврзување на процесите кои настанаа со појавата на Студентскиот пленум, а набрзо потоа, и Професорскиот пленум“.

Наставниците и средношколците во четврток излегуваат на марш во Битола

Средношколскиот и Наставничкиот пленум од Битола најавуваат втори марш во четврток (23 април) кој ќе започне во 12 часот, пред средното училиште „Д-р Јован Калаузи”.
Понеделник, 20 април
Студентскиот пленум повторно најавува студентски марш за поддршка на Средношколскиот пленум . Маршот на студентите ќе се одвива паралелно со оној на средношколците со тоа што студентите во четврток напладне тргнуваат од платото на УКИМ, кон Владата, па се до Министерството за образование.

Наставнички пленум: Спремни сме да излеземе на средношколскиот марш

Во пресрет на најавениот генерален средношколски марш во четврток во Скопје, наставниците од Наставнички пленум најавија дека ќе излезат на маршок како поддршка на своите ученици.

Студентска герила акција и пленумска поддршка за средношколците

„Не дозволувајте да бидете заложници на образованието! Поддршка за нашите идни колеги и колешки од Средношколскиот пленум!“, порачуваат од Студентскиот пленум кои со нова герила акција повторија дека се заедно со учениците во нивната борба за подобро образование.

Сабота, 18 април

Наставнички пленум: Апел до Адеми да ги повика средношколците на разговор

Од Пленумот го критикуваат игнорантскиот однос на министерот Абдилаќим Адеми обвинувајќи го дека е одговорен за сите случувања и турбуленции кои се случуваат пред очите на македонската јавност и пошироко со оглед на тоа дека образованието е негова област на делување.
Петок, 17 април
11165872_747458942038659_1429955637_n 2 1 11173583_747458805372006_1828643551_n 11180284_747459228705297_310926175_n 11178554_747458348705385_387231135_n 11195373_747458245372062_813430499_n

Средношколски пленум: Нов протестен марш во четврток во Скопје

„Во четврток, тоа нема да биде марш со кој ќе го прекинеме бојкотот на средношколците. Дали ќе продолжиме со бојкотот на наставата не зависи од нас, туку од министерот за образование и наука“, изјавија од Пленумот.

Среда, 15 април

Вторник, 14 април

Средношколците во неколку градови и денеска го продолжија бојкотот на формалната настава. Преку алтернативни активности тие ги бојкотираат делумно или целосно двете смени во средните училишта и велат дека ќе продолжат додека министерот за образование Абдилаќим Адеми не излезе со официјална покана за средба.

Понеделник, 13 април

„Пленумот го замолува училишниот персонал да ги елиминира притисоците кои беа вршени врз учениците изминатата недела. Бојкотот ќе продолжи и во најлошите услови бидејќи имаме право да го искажеме нашето незадоволство. Бојкотот ќе се спроведува по планираните агенди освен ако тоа не ни биде оневозможено (агендите вклучуваат едукативни и забавни активности за сите ученици). Ние средношколците, говориме во еден глас и тој глас ќе биде слушнат“, изјавија денеска од Средношколскиот пленум.
Недела, 12 април

Петок, 10 април

Средношколците изгласаа бојкот на наставата и во Битола

„Нa пленумoт денес глaсaвме и oдлучивме декa вo втoрник ќе бoјкoтирaме нaстaвa вo техничкoтo училиште Ѓoрѓи Нaумoв. Бoјкoтoт ќе биде нa пoследните двa чaсa oд првaтa сменa и првите двa чaсa oд втoрaтa сменa,  сo музикa игри и дружење“, соопштија синоќа од Пленумот.

Четврток, 9 април

[Галерија] Стотици средношколци маршираа во Охрид

Околу петстотини средношколци денеска излегоа на марш во Охрид со кој побараа враќање на стариот концепт на полагање на државната матура, како и да запре воведувањето реформи кои се лоши за образованието.

Марш во Охрид

Средношколски пленум: Притисоци има постојано, но има и надежна атмосфера

„Притисоци има постојано. Со лажни закани дека ќе се запишуваат негативни оценки, како и изостаноци без основ“, велат средношколците од Пленумот во Скопје, кои веќе четврти ден продолжуваат со бојкот на наставата.

[Фото] Во Куманово се бојкотира настава во три средни училишта

Интерниот пленум на средношколците во Куманово соопшти дека денеска се бојкотира наставата во три средни училишта. Одлуката за бојкот, едногласно беше донесена на третата пленарна средба на средношколците, на која беа присутни претседатели на класовите од сите средни училишта…

Среда, 8 април

[Фото] И средношколците во Струмица бојкотираат настава 

Средношколците од средното општинско училиште „Јане Сандански“ во Струмица се приклучија во генералниот бојкот на наставата што го организира Средношколскиот пленум…

Утре протестен марш на средношколците во Охрид

Охридските средношколци најавија дека утре ќе маршираат против, како што велат, лошите образовни реформи. Со почеток од 13 часот, средношколците ќе тргнат од дворот на гимназијата Св. Климент Охридски, па се до градскиот плоштад…

Мапа: Над 12 000 средношколци бојкотираат настава во Скопје

Над 12 000 средношколци во Скопје ја бојкотираат наставата, соопшти Средношколски пленум. Со цел да се добијат поточни информации за тоа во кои средни училишта во Македонија се бојкотира наставата, од Пленумот објавија интерактивна мапа…

МОФ: Наместо препреки, средношколците треба да добијат отворени врати 

Младински образовен форум соопшти дека ги набљудува настаните во средното образование и изразува загриженост за притисоците на кои средношколците се изложени и обидите да се делегитимира нивниот ангажман преку Унијата на средношколци…

Бојкотот на наставата продолжува, се приклучуваат нови средни училишта

Учениците во средните училишта во Скопје веќе трет ден ја бојкотираат на наставата, а кон бојкотот се приклучија и нови училишта…

[Фото] Бојкот на наставата во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ 

[Фото] Бојкот на наставата во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Учениците од тетовската гимназија утрово започнаа бојкот на наставата…

Вторник, 7 април

Бојкотот на наставата се шири, растат притисоците кон средношколците 

Се шири бојкотот на наставата од страна на средношколците. Денеска се приклучи и скопското средно градежно училиште „Здравко Цветковски“, но и гимназијалците во Тетово и Охрид…

[Фото] И средношколците во Охрид ја бојкотираат наставата 

Средношколците од трета и четврта година во охридската гимназија „Свети Климент Охридски“, како и од средното економско училиште, денеска ја бојкотираа наставата барајќи да се врати стариот концепт на полагање државна матура…

Мемети: МОН да разговара со средношколците за образовните реформи 

За квалитетни и издржани промени во која било сфера, а особено во сферата на образованието потребна е сеопфатна анализа на состојбите, пишува народниот правобранител, Иџет Мемети во дописот до министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми…

Средношколците од Тетово со протест најавија бојкот на настава 

Бојкотот на наставата се прошири и во Тетово, каде во средното економско училиште „8 Септември“ учениците по вториот час ја прекинаа наставата и излегоа на протест пред училиштето…

Понеделник, 6 април

копските гимназии „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“, „Никола Карев“ се само дел од средните училишта каде учениците ја бојкотираат наставата, револтирани од игнорантскиот однос на надлежните кон барањата на нивниот Пленум.

Недела, 5 април

Дебатата е најавена за утре (6 април), со почеток во 13 часот.
„Причината за нашиот бојкот е игнорантноста на МОН кон Средношколскиот пленум и секој наш обид да стапиме во контакт со раководството на МОН.Веќе две недели се обидуваме да закажеме средба која МОН ја одбегнува и за која даде лажни ветувања дека ќе се оддржи. Да нагласиме дека според член 155 од кривичниот закон на Р.М, секој оној што со сила, измама или на друг начин ќе смеќава свикување или одржување мирен јавен собир ќе се казни со парична казна или затворска казна од 1 година“, велат од Пленум.
„Според Европската повелба за учество на младите во локалниот и регионалниот живот, властите мора да обезбедат простор за формирање на самостојни, независни здруженија на ученици и студенти, кои ќе имаат целосно право да учествуваат во одлучувањата за училишниот живот и ќе бидат континуирано консултирани за локални и национални политики кои се од интерес за нив и кои навлегуваат во нивните права“.
„Секогаш кога постојат две тн. спротивставени страни сметаме дека најважно е воспоставувањето комуникација, всушност тоа се први чекори кон можната посакувана промена…Сметаме дека е важно Средношколската унија на Македонија и Средношколскиот пленум да разговораат како партнери и да изнајдат заедничко решение за излез од состојбата која доколку не се реши навреме може и да ескалира со несакани последици, што никој всушност и не го посакува или пак да резултира со гаснење на надежта кај младите дека се можни промените“, стои во соопштението на детската амбасада.

Сабота, 4 април

Кумановските средношколци
Средношколците најавуваат можен бојкот на наставата се додека раководството на Министерството за образование не ги прими на средба претставниците на Средношколскиот пленум. Вчера беше бојкотирана наставата во скопските гимназии „Орце Николов” и „Кочо Рацин”, а бојкотот следната недела ќе се прошири и низ повеќе градови во земјава, при што наместо на часови, учениците ќе организираат вонучилиши активности…

Четврток, 2 април

[Галерија] Средношколски марш во Виница

Средношколски марш во Виница

Стотина средношколци од Виница денеска излегоа на првиот средношколски марш во овој град, соопштија од Средношколски пленум- Виница. Галеријата од маршот погледнете ја во продолжение…

[Фото] Црвен картон за образовните реформи од тетовските средношколци 

Со црвени картони во рацете, под мотото „Стоп за лошите реформи во образованието“, тетовските средношколци…

Среда, 1 април

[Галерија] Средношколците упатија последна опомена за Владата и МОН 

„Немате повеќе време. Времето ви истече тогаш кога одлучивте да манипулирате со нас. Кога дозволивте средношколци со денови да ве бараат под дрво и под камен за да би седнале и како луѓе да се реши оваа тешка ситуација. Е, доста беше…

И прилепските средношколци против новиот концепт на државна матура 

Прилеп

Стотина средношколци од Прилеп денеска за првпат излегоа на протестен марш во центарот на градот, поддржувајќи ги нивните соученици во Скопје и Куманово. Тие го изразија своето незадоволство од актуелниот модел за полагање на државна матура…

Унија на средношколци: Ние сме легитимни, Пленумот е пара-организација

Веднаш по средношколскиот протест во Скопје поради лошите образовни реформи организиран од Средношколски пленум, со прес-конференција пред МОН и со контра порака се огласи Унијата на средношколците. Според нив, Средношколски пленум е пара -организација, без правна и институционална форма. За себе пак, тврдат дека се единствени легитимни претставници на средношколците.
Вторник, 31 март
Унијата на средношколци на Македонија со која Министерството за образование и наука објави дека денеска постигнало договор за полагањето математика има неактивен статус од 2013 година, соопштија од Средношколскиот пленум.
Предметот математика нема да биде задолжителен за сите ученици во средните училишта, туку само за учениците кои се запишани во гимназиско образование и кои на крајот од втората, односно почеток на третата година од средното образование, го одбрале природно – математичкото подрачје.

Понеделник, 30 март

Средношколците продолжуваат со протестните маршеви незадоволни од новиот концепт на полагање државна матура и екстерното тестирање. Во среда, на 1 април протест најавија скопските и прилепските средношколци, додека во четврток на улица ќе излезат учениците од Тетово…

Петок, 27 март

Стотина средношколци од Кичево излегоа на марш под мотото „Стоп за лошите реформи“ кој започна …
[Галерија] Средношколците маршираат низ Кичево

Четврток, 26 март

Писмо на одличен ученик до министерот Адеми: Не правете роботи, верувајте во нас

Ќе си дадам личен пример. Одличен ученик сум во средното училиште “Георги Димитров”. Сите години просекот ми бил 5.00 освен лани кога поради екстерното на кое на едниот од двата предмета добив  четворка и со самото тоа просекот ми се намали, но не ми се намали само просекот туку ми се намалија и шансите за стипендијата која што сакав да ја добијам на еден од факултетите во соседните држави…

Средношколски марш утре во Кичево

Кичевските средношколците најавија дека утре ќе излезат на марш под мотото „Стоп за лошите реформи“. Машот ќе започне во дворот на СОУ „Мирко Милески“ и SHMK „Drita“ во 11 часот, а ќе заврши пред канцелариите на Министерството за образование во Кичево…

Среда, 25 март

Средношколците во Делчево го прекинаа бојкотот, чекаат одговор од МОН 

Извикувајќи „Не за математика“, стотина средношколци од Делчево тргнаа од средното училиште „Методија Митевски – Брицо“ кон општинската зграда каде ги оставија барањата. На маршот присуствувале мал број професори…

Вторник, 24 март

Адеми: Не гледам зошто да биде тргнато екстерното тестирање

„Кажав дека сме отворени за средба. Се уште не е дефиниран терминот. Очекувам оваа недела. Идејата е ние на матурантите да им го објасниме кој е концептот, односно јавноста веќе знае кој е концептот на државната матура, но да им објасниме кои се предностите доколку успеат да положат државна матура. Затоа што тоа е во нивна полза, во полза на матурантите да се запишат понатаму на факултет, универзитет низ светот. Затоа како што кажавме и претходно државната матурта е признаена од сите држави во светот и таа не е само предност за матурантите, но е признание за целосниот образовен процес во Р.М“, нагласи Адеми.

Средношколците во Делчево ја бојкотираа наставата

„Ни се заканија дека нема да отидеме на екскурзија, дека ќе ни се намали поведението па дури и успехот. Некои од учениците веќе почнаа да се враќаат на настава бидејќи имаше закана и по нивните родители кои работат во државни институции“ – изјави средношколка од трета година во СУ „Методија Митевски – Брицо.“

Битолските средношколци маршираа против лошите образовни реформи

Понеделник, 23 март

[Фото] Протестен марш на средношколците во Дебар

Средношколците во Дебар денеска напладне организираа протестен марш во рамките на Средношколскиот Пленум. Тие  се собраа пред гимназијата „Здравко Чочковски“, по што маршираа до градскиот плоштад…

[Фото] Протестен марш на средношколците во ДебарСредношколците во Делчево маршираа против задолжителната математика

Средношколците протестираа пред нивната гимназија „Методи Митевски Брицо“, по што со свирежи и транспаренти на кои пишува „Доста беше молк“, „Кој, ако не ние. Кога, ако не сега“, како и „Не полагавте екстерно, а сега сте министри. Зошто ние да полагаме“ маршираа низ градот со цел да го свртат вниманието на минувачите, но и на надлежните институции…

Недела, 22 март

Наставниците го искажаа револтот од лошите образовни реформи

Стоп за лошите реформи во образованието кои не одат во прилог никому во образовниот процес – ова е суштината на барањата на Наставничкиот пленум, чии членови денеска маршираа низ скопските улици, задржувајќи се на крајот на мирен протест пред Министерството за образование и наука во Скопје…

Сабота, 21 март

И средношколците од Дебар се приклучуваат на протестите

Средношколскиот пленум ќе организира протести против измените во полагањето државна матура овој понеделник, соопштија од дебарскиот…

[Дебата]Средношколски протести – права, прититисоци и уцени

Петок, 20 март

Струмичките средношколци во голем број излегоа на протест и кажаа „не“ за овој образовен процес и „не“ за сегашните тестирања

Четврток, 19 март

Денови ли се денови, средношколски маки големи – со стиховите од познатата поема на македонскиот писател Кочо Рацин, голем број на средношколци од речиси сите скопски гимназии и средни училишта денеска го искажаа својот револт против задолжителното полагање математика на матура и екстерното тестирање пред Министерството за образование и наука…

На средношколски марш поради новиот концепт на полагање државна матура и екстерното тестирање денеска излегоа и средношколците од Струга и Куманово..

Стотици средношколци во Велес денеска протестираа против воведувањето математика како задолжителен предмет во државната матура како и влијанието на оценката од екстерното оценување врз крајниот успех на учениците…

Средношколците од Кавадарци и денеска излегоа на протестен марш незадоволни од новиот концепт на државната матура со кој сите матуранти ќе треба да го полагаат предметот математика…

Среда, 18 март

„ Изворите на Цивил говорат дека низ целата земја се врши силен притисок токму од оние кои се најповикани да се грижат за доброто на младите. Директорот на гимназијата во Битола им „објаснувал“ на координаторите на класовите дека вклучувањето во Средношколскиот пленум и учествувањето во протести не било добро за нив. Во Кавадарци се заканувале до учениците дека ќе добиваат неоправдани изостаноци, дека ќе мора да учат во сабота, дека ќе има и „други санкции“. Локални партиски активисти од УМС на ВМРО-ДПМНЕ се обиделе да го спречат средношколскиот протест“, се вели во реакцијата на Цивил…

[Фото] И средношколците во Ресен и Неготино излегоа на марш

Средношколците во Ресен и Неготино денеска излегоа на марш против задолжителното полагање на математика на државна матура и екстерното тестирање. Со тоа им се приклучија на своите соученици од неколку градови во државата…

Хелсиншки: Летоците се обид да се дефокусира незадоволството на средношколците

„Очигледно е дека летоците се во манирот на негативната пропаганда која од страна на власта се пласира во јавноста, за т.н. „внатрешни непријатели“ на Република Македонија како што се меѓународните фондации, невладини организации и претставници на опозициските партии“, се вели во соопштението од Комитетот…

[Фото] Средношколците од Тетово маршираат против задолжителната математика

Неколку стотини средношколци излегоа на плоштадот во Тетово на марш против новиот концепт на полагање на државната матура и екстерното тестирање. Протестираат средношколците од економското училиште „8 Септември“, гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, од земјоделското и медицинското училиште, како и помал број ученици од текстилното и музичкото училиште…

Вторник, 17 март

Голем број средношколци од гимназијата „Таки Даскалов“ и средните стручни училишта во Кaвадарци, денеска повторно излегоа на улиците да маршираат против задолжителното полагање математика на матура и начинот на полагање на екстерното тестирање. Тие ја бојкотираа и наставата, а како што велат за Радио МОФ, ќе ја бојкотираат и утре…

Флаери и плакати на кои лажно е потпишан Средношколски пленум повторно се делеа низ средните училишта. Овојпат на тапет се средношколците од Скопје и Неготино кои до редакцијата на Радио МОФ испратија фотографии од плакатите на кои налетаа утрово во своите училишта, а со содржина: „Ако не ние, кој? Ако не сега, кога? Ако не за Заев, за Сорос“ и „За секој експеримент се потребни глувци!Не дозволувај да експериментираат на тебе! Како Сорос со мене!“…

Битолските средношколци се договорија – излегуваат на марш идната седмица

На вториот Средношколски пленум во Битола кој синоќа се одржа пред вратите на гимназијата „Таки Даскало“ едногласно е донесена одлука следната недела средношколците во Битола да излезат на марш поради незадоволството од реформите во средното образование и игнорирањето на нивните барања од надлежните институции…

Понеделник, 16 март

Почнува нова етапа во разговорите, затоа што од денеска ќе се работи во суштината на новиот концепт на Законот за високо образование и се надевам дека во една конструктивна атмосфера ќе стигнеме до конечниот текст, изјави министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми по средбата на работните групи кои работат на подготовка на новиот закон…
Средношколците најавуваат два марша поради против екстерното тестирање и новиот концепт на државната матура, во среда во Тетово, во четврток во Струга. ..

МОФ: Училиштата, професорите, родителите, институциите да застанат во одбрана на учениците

Откако за повеќе ученици кои се дел од Средношколскиот пленум во јавност осамнаа постери, каде со име и презиме се обвинети дека земале 10.000 денари за секој организиран протест, со реакција излезе Младински образовен форум, која ви ја пренесуваме интегрално…

 

Недела, 15 март

Министерството за образование и наука и СОНК се договорија дека нема да има намалени плати за наставниците кои поради екстерното тестирање се најдоа на листата со најголеми отстапки при оценувањето на учениците. Како што беше соопштено на денешната прес конференција, согласно постигнатиот договор, овие наставници ќе треба да одат на задолжителните обуки и нема да може да напредуваат во кариерата, додека не ги подобрат резултатите…

 

Сабота, 14 март

Ученици од велешките средни стручни училишта и гимназијата „Кочо Рацин“ заедно со родители и професори, денеска излегоа да маршираат во знак на протест поради новиот модел на државна матура и начинот на кој се полага екстерното тестирање…

Средношколски пленум: Eкстерното тестирање е спротивно на европските образовни стандарди

Средношколскиот Пленум, вчера за време на маршот во Скопје против задолжителното полагање математика на матура, соопшти дека било поднесено барање до Министерството за образование и наука (МОН) и до Биро за развој на образованието (БРО) за мирување на законските одредби за екстерно тестирање. ..

 

Петок, 13 март

IMG_8752

Ученици од неколку скопски гимназии денеска маршираа во Скопје револтирани од новиот концепт на државната матура и начинот на кој се полага екстерното тестирање.

Четврток, 12 март

Писмо на скопските средношколци: Зошто е лош новиот концепт на државната матура?

Средношколците на град Скопје, поддржани од своите родители, упатија писмо до Државниот испитен центар, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието во кое образложуваат зошто е лош новиот концепт на државната матура кој стапи на сила оваа година. Писмото, кое беше доставено во вторникот до надлежните институции, го пренесуваме во целост…

Продолжуваат средношколските протестни собири поради задолжителната математика

И денеска во неколку скопски средни училишта се одржаа протестни собири. Учениците веќе неколку дена по ред излегуваат во своите училишни дворови и го искажуваат својот револт против задолжителното полагање на математика на државната матура.

Среда, 11 март

Околу 150 ученици од скопската гимназија „Никола Карев“ денеска одржаа мирен протестен собир против воведувањето на математиката како задолжителен предмет на државната матура. Во исто време, собири се одржаа и во градежното училиште „Здравко Цветковски“ и гимназијата „Георги Димитров“…