Студентите излегоа на улиците во Битола и Прилеп

Стотина студенти во Прилеп и околу илјада во Битола, денеска излегоа на улица во знак на протест поради најавите за воведување на државен испит на универзитетите, но и како поддршка за големиот марш во Скопје.

Битолските студенти се собраа пред Техничкиот факултет, по што од Медицинското училиште и преку Широк Сокак маршот го завршија пред Ректорат на УКЛО.

Прес себе носеа транспарент „Стоп за лошите реформи“, но и „Не ви го даваме утре“,„Индексот е наша книшка“,„Трампам индекс за пасош“ присутните, а со маршот  се обидоа да го воскреснат и студентскиот активизам во Македонија.

„Да, ова се случи, ова е Битола, ова се студентите, ова се иднината!“, посочија од битолскиот Пленум.

Студентите во Прилеп пак, наместо марш имаа најавено протестен собир пред Камената бина во градот. Стотината студенти и средношколци сепак одлучија да маршираа кон влезовите на средните училишта во градот, револтирани од како што велат силните притисоци кон младите за неизлегување на маршот. Во изјава за Радио МОФ, студентот Јане Коруноски посочи дека студентите велат се задоволни од излезноста бидејќи го разбираат стравот кај голем дел од нивните сограѓани. Студентите додаваат дека најголеми притисоци имало од страна на директорите од средните училишта, но и од професорите на Економскиот факултет во Прилеп.

10822466_393548484144564_412273299_n