Студентите побараа оставка од министерот за образование

Реката студенти стигна пред Министерството за образование како последна точка на планираната рута за Студентскиот марш против екстерното тестирање. Тие го повикаа министерот за образование Абдулаќим Адеми да се излезе и да се сретне со нив. Откако немаше никаква реакција, присутните побараа оставка од министерот. Најавија дека преку писмо до надлежните ќе ги достават своите барање.

Протестот се одвива мирно, под силно полициско обезбедување. Бројката на излезени студенти е поголема од илјада. Тие се уште остануваат пред министерството за образование.

10805126_10152844059945330_744124465_n

10755014_10152844060305330_810990374_n