Во потрага по одговор на прашањето „Дали дома ни е сè уште дома?“, Студентски пленум во петок (15 април) во Хала 3 на Скопскиот Саем организира дискусија со младински претставници и професори.
„Потрагата по квалитетно образование, повисока плата и добро работно место се главните причини зошто толку многу студенти, средношколци и млади луѓе воопшто ја напуштаат нашата држава. Судирот со реалноста на општеството во кое гласот на младите многу малку се слуша, ги тера нашите млади да се запрашаат: „Дали дома ни е сè уште дома?““, се вели во најавата за настанот.
Настанот се организира во состав на Деновите на образование и кариера и е од јавен и отворен карактер. На него се поканети се сите студенти, средношколци и граѓани заинтересерирани за оговор на следните прашања: Зошто студентите долгорочно се отселуваат од државата? Зошто не сакаат да инвестираат во државата? Колку млади се иселиле од Македонија? Колку од нив се со високо образование? Колку политиката на пазарот на трудот влијае на младите? Дали расте невработеноста на младите и зошто расте? Како Европа се справува со овие прашања? Дали е возможно со добра стратегија за млади да се решат овие проблеми?