По Филозофскиот и Филолошкиот факултет започнува да се блокира наставата и на Правниот факулет „Јустинијан Први“во Скопје. Студентите ги посетуваат предавалните и ги повикуваат студентите да им се придружат во окупацијата.
Во својот говор пред присутните Владимир Делов од Студентски пленум побара колегите да тргнат со Пленумци и сите заедно да издејствуваат победа.
Студентите продолжија и кон Економскиот факултет, ја најавија окупацијата и побараа автономија на Универзитетот.