Според урбаниот Англиско – Македонски речник: ‘палп’ се однесува на популарен текст со проста и грозоморна содржина, напишан на ефтино парче хартија. Затоа, она што ќе го прочитате сега и не треба да биде сфатено премногу сериозно.
Ја и дечкоми Ј.Ј си седиме у бифе, сфаќаш. Ние дојдовме тука уше прееска, а никој не ми иде да ме услужи. Го напраиле местово ко некој кафич, па ако ми се праат кафич, нека дое келнерка да ме услужи, така. Глеам некои фаци влагаат и излагаат, ми се пикаат тука преку ред. Но ја сум искулирана особа. Стакло искулирана. Не се нервирам. Ќе си дое све шо треба. Дечкоми Ј.Ј од друга страна нешо ми се притресува. Таков е он, само нешо да ќења, се нешо него не му чини. Некат мислам ја сум мужот у врскава. Или Ј.Ј е право женче. Ама, не. Не чини да праи вака. Привлекуе пажња. А пажња у моментов баш и не ни треба. Или ни треба? Глупачата само шо пројде до нас, и скроз не` изрецка. Ааа не иде вака. Ја може сум искулирана – стакло, ама таткми не бил стаклар, од стакло проѕирна да ме напраи. Го вадам пиштолот од ташна и го репетирам под маса. Го погледнувам Ј.Ј, тој ми клима со глаата и у истата секунда рипам од стол. ‘Никој да не се поместил од место, или ќе пукам у секој шо макар ќе се зачеша!’ А сеа не сум проѕирна за Глупачата, а. Напраила некоја бедна, исплашена фаца. ‘Видите, стварно нејќам да пукам сеа… Доста ми беше пукање денес, ама стварно. Само сакам да си се напиеме едно кафе со дечкоми тука, и да фаќаме магла океј? Шо ме глеаш ко теле ма, донеси ми кафе Глупачо, смееш да мрдаш ако ја ти кажам да мрдаш! Мрдни!’ Ја коа си праам кафе дома, а мислам на добро кафе, обично ми требаат барем пет минути. Глупачава го донесе за две. Шо значи една од две ствари: Или кафето било веќе готово, и луѓево и те како знаат да слушаат коа ќе покажеш зуби. Или не ми напраила добро кафе. А ја мрзам лошо кафе. ’70 денари…’ – ми вика и ми го лупа кафето пред нос. Глупачата па уше сеа ми се праи јака. ‘Молам!? 70 денари за кафе у бифе?? Ти ма нормална си? Ова боље за тебе да биде доообро кафе…” Па го пробуем кафето. И погоди шо? Опција број два. Не ми остаи избор стварно. Стварно нејќев да упукам уше некој денес. И` го вперив пиштолот у глаа и и` ја разнесов глупата, бедна, исплашена фаца. Така и` е. Па си го вратив пиштолот у ташна, го погледнав Ј.Ј и ја зедов папката. И си отидов, да ти кажам, ич не ми се праи ќејф коа некој со сила ќе упуцам. Цел ден ми отиде.
Уствари тапа и ми почна денот. А баш треаше да биде ова мирен, обичен ден. Си тргнавме со дечкоми Ј.Ј у читална, уше рано сабајлечки денот да си го фатиме. И стигаме пред читална, и ми се стемни. Шо да ти кажам, ред до надвор. Па уше некои чекаат унутра, па ако некој си отиде, прво као они имаат предност, па ние уствари надвор чекаме ред за да чекаме унутра. Бре, шо учена нација ќе бевме. Ја не знам као после пак паѓаат испити луѓево. Али нема везе, сме дошле, сеа ќе си почекаме. Ти викам, стварно сакав денот на арно да ми тргне. Ама некат џабе тие, ти колку и да сакаш, друг некој ќе ти го поебе. Сеа, ја приметив уше коа дојдов Шмизлата и` се смучи да чека и си отиде. Стојам тука саат време више, ја немаше. И таман мрднавме малце со редот, некој излеа и` јави, пак се појави Шмизлата. Па уше ми застануе пред мене. Ај, си реков, си знае ваљда. Ама безобразна цура ејј! Ми доаѓа мене редот и оваа ми се пика пред мене! Ај со фино пробав, стварно пробав… ‘Алоооо женска!? Каде преку ред!?’ Па уше знаеш шо ми вика оваа? ‘Ама ја од прееска сум си тука!’ И тоа гласчето, баш као шо и` прилега. Пискаво такво, ко шо беше целата лигава. Дишам длабоко, бројам до десет набрзина у себе. И си влезе. Ај, си реков, кај и дае, ќе ми дое редот, да не праам фама. Искулирана особа сум си ја. Стакло! Ама знаеш шо ме изнервира уствари? Коа извади Шмизлава едно скриптиче од пет страни. Демек дома неможела да го научи, па у читална ќе ми фаќа место. Па уше го буља саат време у една страна, као многу концентрирана. Е тука се изнервирав. Му климнав на Ј.Ј со глаа, влеговме у читална, сеа ние преку ред, да видат као е, и и` упукав еден куршум у тоа глаата. Абе око не ми трепна. Мозокот и` се распрска низ цела читална, од шо беше многу паметна нели. Стварно се изнервирав. Ми уништи и ден и све. А таман мислев убав ден ќе ми биде. Ама ја коа сум нервозна не се контролирам, признавам. Почнаа тука у читална да ми паничат нешо сите, па ги упуцав еден по еден, сите до последен. Да ми пројде нервозата. И ми пројде, да ти кажам, ама више не ми се ни учеше. Ми покварија и желба за учење, и ден и све. Си отидовме.
‘Мораше ли и келнерката да ја утепаш?’ – Ј.Ј ми се упрпува нешо, додека чекаме ред на Студентски. Уше он ми фали. Мрзам да чекам, а денес трет пат вака ми праат. Студентски отвараат од 12:30. Сега е 12:35. Кокошките уше таму унутра кафе и трач муабет тераат. Многу напорна работа имаат и тие на Студентски, стварно. Да примаат документи 2 недели од годината и да дремат таму и да оговараат остатокот од семестарот. Ама ми скурчи више. И онака отиде јабана денот. Го извадив пиштолот пред сите таму и им тропам со него на тоа џамот. Па уше подотвара кокошкава, и ми писка нешо за некултура, безобразност, не ја дослушав додуша да ти кажам, многу пискаше, чоек. Ушите ми ги дупна. ‘Изглеа не го виде пиштолов ти ма!?’ И` го замафтав малце пред очи. Оп, се стиши. ‘Е, така…’ Ја отварам папката, вадам документите за заверка и упис на семестар на кои пишуе В.В и најкултурно и` ги давам на Кокошката у рака. ‘Видиш, колку е брзо…’ Ми избаци некој запрепастен израз на лицето. Ко да треа да се срамам од себе или нешо. И се свртев да си одам. Стварно, си тргнав. Ама неможев да го избацам од пред очи нејзиниот глуп израз на лицето. Пак се изнервирав. Фитиљот одамна ми догоре, сеа остана само уше експлозија. И се завртев и ја упуцав неа и уше трите други Кокошки позади шо седеа на шалтерот.
Ама знаеш шо? Коа си идев накај дома, тоа попладне, нешо у мене ко да ме стресе. Знаеш, ко некое просветлење да речам доживеав. Му викам на дечкоми: ‘Ова не треа да е вака! Не треа ние студентите да го користиме пиштолот секој пат коа сакаме нешо да добиеме! Ама не е до мене, сфаќаш, до нив е. Ја не би, стварно не би…’
И затоа ти се обраќам тебе, еве. Праи шо ќе праиш, смисли нешо. Напраи некое асално студентско организирање, пошо вака не иде работава…
Инспирирано од вистински настани
Викторија Јакимовска