Студентски пленум ја објави рутата за Студентскиот марш

Со тргнување од платото на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, преку булеварот „Климент Охридски“ и „Илинденска“, со мало застанување пред улицата „Теодосиј Гологанов“, каде што се наоѓа седиштето на Студентскиот парламент, за на крај да стигнат до Министерството за образование и наука. Ова е рутата за студентскиот марш против екстерното тестирање, закажан за 17-ти ноември.

Студентски пленум ја објави рутата за Студентскиот марш

Пленумот цврсто стои на ставот дека екстерното тестирање не треба да се вклучи на универзитетите, како реакција на неодамнешните најавени реформи на Министерството за образование и наука.

Целта поради која што ќе застанат пред Студентскиот парламент е да ја побараат одговорноста што ја има оваа институција како претставник на студентите.

Студентски пленум ја објави рутата за Студентскиот марш

„Ги повикуваме студентите заедно со професорите и останатите граѓани што го делат нашиот став да нè поддржат на студентскиот марш закажан за 17-ти ноември“, изјави студентот Горјан, на денешната прес-конференција организирана од Студентски пленум.

Претходно, на Фејсбук страницата студентите преку јавен повик за солидарност ги повикаа сите граѓанин да маршираат заедно со нив. Тие преку маршот сакаат да ја покажат нивната присутност во општеството, како и тоа и дека правото на образование е уставно загарантирано право за секој граѓанин.

Студентски пленум ја објави рутата за Студентскиот марш

Е.П.