Вечерва во Торонто ќе се одржи светската премиера на новиот документарен филм за пензионираниот професор по биологија Дионис Пашлаков од Неготино и неговата страст за олдтајмери.
„Avec l’amour“ („Со љубов“), во режија на Илија Цветковски, е едноставна приказна за поранешен професор, кој поседува над сто стари автомобили, од кои повеќето не работат, но секоја вечер тој спие во нивна близина, сонувајќи дека еден ден својата невообичаена колекција ќе прерасне во голем музеј.
По вечерашната премиера, филмот потоа ќе се прикажува и во Минхен, на 8 мај, како дел од DOK.fest.
Филмот е направен со буџет од 100 000 евра.