Најпрестижната фестивалска манифестација за прв пат номинираше два фестивали од Македонија.
Среде подготовките за своето седумнаесетто издание, „Таксират“ седма година по ред влегува во конкуренција на најдобрите фестивали во Европа, со номинација за Европските фестивалски награди (Europe Festival Awards). Покрај тоа, годинава е номиниран и летниот „Д Фестивал“ кој по петти пат се одржа во Дојран.
„Таксират“ е номиниран во категориjaта за „Најдобар фестивал кој се одржува во затворен простор“ (Best indoor festival), a „Д Фестивал“ во категоријата за „Најдобар мал фестивал“ односно фестивал чија публика брои до 10.000 посетители дневно. Фестивалските претставници од земјава се во борба за наградите во конкуренција со повеќе од 30 фестивали од над 15 земји во Европа, за секоја од категориите.
Европските фестивалски награди се најпрестижното меѓународно признание за препознавање на напорната работа на фестивалските организации на кои се должи европската разновидна и енергична фестивалска сцена. Во повеќето од категориите, вклучувајќи ја и номинацијата на „Таксират“ и „Д Фестивал“, за наградите одлучува публиката, со онлајн гласање, со што фестивалските фанови имаат можност да покажат колку и каде најмногу уживале.