Дел од демонстрантите, за време на протестот фрлија јајца кон зградата на Владата извикувајќи „Ружна ви е Владата“, револтирани по денешната објавена бомба, со која СДСМ ја обвини власта за прикривање на убиството на Мартин Нешковски.
Торта со јајца!! 😃 #протестирам pic.twitter.com/WPgELFJhxS
— Јаготка (@VkusnaSoShlag) May 5, 2015
За време на протестот, голем број граѓани ја прескокнаа оградата пред Владата на чело со семејството на Нешовски и седнаа на скалите извикувајќи „Убијци“,„Оставка“, „Излези Никола“.
Голем дел од знамиња пред Владата беа спуштени на пола копје, во знак на жалост за починатото момче, а еден од полицајците, кој беше дел од кордонот, ја симна својата униформа и се придружи кон толпата. Во моментов, граѓаните извикуваат „Малото диктаторче“, „Кај ви е началникот“ и „Дојдете со нас“ кон полицијата.