Неколку стотици поддржувачи на акцијата „Критична маса“ вчера (13 април) учествуваа во првото заедничко возење велосипеди низ улиците на Тетово. Целта на акцијата е велосипедистите да покажат дека на Тетово му требаат велосипедски патеки, велосипедски паркинзи и поголема свест на другите учесници во сообраќајот.