Прославениот британски музичар и фронтмен на Radiohead, Thom Yorke доаѓа на годинешното издание на фестивалот EXIT во Нови Сад, објавија организаторите. Yorke за првиот настап во Србија доаѓа со својот најнов музички проект „Atoms For Peace“, а бендот ќе настапи на главната сцена на фестивалот.
Atoms For Peace е група која го негува експерименталниот рок со електронски примеси, која Yorke ја основа во 2009, заедно со повеќе влијателни музичари. Во неа членуваат басистот на Red Hot Chili Peppers, Flea, долгогодишниот продуцент на Radiohead Nigel Godrich (клавијатури, синтисајзер), Joey Waronker (тапанарот на Beck и R.E.M.), заедно со бразилскиот перкусионист Mauro Refosco.
Тие ќе изведат музика од нивниот деби-албум, Amok, кој излезе на 18 февруари и е достапен за бесплатно преслушување до 25 февруари.