Тие сакаат дела, ние сакаме знаење – студентски протести во Албанија

Со слоганите „Тие сакаат дела, ние сакаме знаење“, студенти од различни универзитети во Тирана протестираа, меѓу другото, против одлуката на владата да го трансформира Факултетот за рударство и геологија во владини канцеларии за потребите на Министерството за правда.

Студентите користејќи ги социјалните мрежи се обидуваат да ја информираат јавноста за моменталната состојба со испраќање фотографии од акциите и со апели до студентите од целиот свет за поддршка.

„Овој факултет е еден од нјастарите во Албанија и одигра огромна улога во развојот на индустријата во Албанија во последните 60 години. Како последица на две деценискиот бран на приватизација, државните универзитети се малкуте јавни простори што се останати во земјата“, се вели во пораката од албански студент упатен на интернационална страница за студентски движења низ светот.

Студентите најавуваат дека нема да се откажат и бараат повеќе инвестиции од владата за изградба на инфраструктурата. Во наредните денови се планирани повеќе окупации и протести.

Студентски протести во Албанија

Претходно, студентската иницијатива „За универзитетот“ поднесе петиција, но според студентите не се рефлектираше во ниту една од одлуките на Советот на министри.

Студентски протести во Албанија

Во барањата на студентите се вбројуваат и намалувањето на таксите за студирање, да се зголемат инвестициите во државните универзитети и да се олесни вработувањето на студентите по дипломирањето.

 

Извор: International Student Movement