Тринаесет ученици и еден професор од средното училиште „Арсени Јовков“ вчера завршија во болница со симптоми на кашлање и задушување.
Според првичните информации од МВР, се работи за вдишување на спреј кој бил употребен од две непознати лица. Настанот се случил попладнето, околу 16 часот, кога учениците се пожалиле на печење на очите и грлото.
Тие биле префрлени на Клиниката за токсикологија и во Градската болница „8 септември“. Сите се пуштени на домашно лекување. Од направените анализи и испитувања, лекарите не успеале да утврдат кој е агенсот кој ги предизвикал симптомите, а треба да се дознае по примероците земени од училиштето.