Каталонскиот парламент усвои закон со кој ги официјализираше своите планови на 1 октомври во овој шпански регион да се организира референдум за независност.
Владата во Мадрид претходно го прогласи референдумот за противзаконски и најави дека ќе го спречи.
Мнозинството пратеници од регионалниот парламент, во кој мнозинство има партијата која сака да се отцепи од Шпанија, гласаа за законот за референдум и за правна рамка која е неопходна за воспоставување независна држава.
Законот е усвоен со мнозинство од 72 гласа, наспроти 11 воздржани. Пратениците кои се противат на отцепувањето на Каталонија ја напуштија седницата пред гласањето.