Стотина студенти на Белградскиот универзитет и Универзитетот на уметностите вчера упаднаа во зградата на Ректоратот, носејќи огромен транспарент со натпис: „Знаењето не е стока“. Студентите, незадоволни од поскапувањето на школарината на десетина факултети, ја поминале ноќта во зградата, барајќи и средба со Ректорот.
Според последните информации, студентите денеска напладне ја напуштиле зградата на Ректоратот, откако ги изнеле своите барања, меѓу кои е и поништување на одлуката за укинување на една испитна сесија и „замрзнување“ на поскапувањето на школарините.
Студентското движење „Борба за знаење“ соопшти дека целта на оваа акција е да сврти вниманието кона лошата положба на студентите во Србија. Тие се соочуваат со недостаток на перспектива, ограничување на нивниот пристап до образованието и арогантниот однос на образовните институции кон студентските права. Листата на барања на студентите вклучува:
1.Намалување на школарината;
2.Запирање на процесот на укинување на автономијата на универзитетите;
3.Јавна поддршка на наставниците во борбата за јавно финансирање на образованието
Студентите ги повикаа колегите и професорите да ги поддржат нивните барања и да се дојдат на Собирот, кој ќе се одржи вечерва во 20 часот во зградата на Ректоратот. Според проректорот на универзитетот, Миодраг Поповиќ, за време на 15-часовниот престој на студентите во зградата на Ректоратот немало инциденти, а полицијата воопшто не биле повикана.
Извор: B92/НОВА ТВ Видео: „Борба за знаење“/ youtube