[Видео] Давид Мијалов: 14-годишниот шампион во триатлон кој реди успеси без услови за подготовка

Давид Мијалов има само 14 години, а веќе има освоено триесетина медали на меѓународни и државни натпревари во триатлон. Сонот на овој млад радовишанец е да ја претставува Македонија на Олимпијада, но за да се подготвува потребни му се услови, кои во својот град ги нема. Неговиот татко, Милче, вели дека би сакал Давид да продолжи да ги брани боите на Република Македонија, но за тоа, државата треба да му даде поддршка.

Погледнете го разговорот со Давид и неговиот татко што го подготви Радио МОФ.

Е.П.