Откако во голема полициска акција беа приведени „паркобраните“ кои цел месец го чуваа паркчето спроти Бристол, багерот пристигна, просторот беше ограден и под силно полициско присустство почна да се подготвува теренот за изградба на барокна високакатница за Советот за радиодифузија.
Од невладините стигнаа рекации за како што велат, непропорционалната полициска акција и демонстрацијата на сила, кога стотина полиццајци приведувале 11-мина демонстранти.
Паркобранителите синоќа го објавија и видеото кое покажува што точно се случуваше кај Бристол за време на полициската акција.