Пет години „Критична маса“ значи пет години дружба и возење по улиците на Скопје.
Пет години, секоја последна среда во месецот, велосипедистите сплотени укажуваат на различни проблеми за инфраструктурата, за обновување на вело-патеките, за разни пречки и паркирани возила, за подигнување на безбедноста, за правата на велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот.
Пет години „Критична маса“ значи бавна, но сигурна трансформација на Скопје во пристојно место за возење велосипед.
Во пресрет на претстојната 62-ра „Критична маса“, Радио МОФ подготви кратко видео – потсетување од одбележувањето на петгодишнината од овaа значајна велосипедска иницијатива.