Активистите од Студентскиот пленум објавија видео во кое го покажуваат своето незадоволство од, како што велат, „лошите реформи“ во образованието и од односот на властите кон нив, кој ги тера да ја напуштат државата. Ова видео е снимено на Железничката станица во Скопје, каде студентите заминуваат со воз, но и на кејот на Вардар, каде тие се качуваат на галија и симболично патуваат кон подобар живот.
Студентскиот пленум го закажа вториот Студентски марш, кој ќе се одржи оваа среда (10 декември, на Меѓународниот ден на човековите права) со почеток во 12:00 часот, од платото на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.