Шума од 1.500.000 метри кубни букови дрва на површина од 3.000 хектари се исечени со цел новиот рудник во Гевгелија да почне со работа. Од здужението „Спас за Гевгелија“ реагираат дека наспроти оваа површина, градот се наоѓа на површина од 500 хектари.
„Во веќе искасапената шума се користи околу 20 тона динамит дневно за отварање на окното на рудникот кој е планирано да биде со пречник од 3 километри и длабочина од 700 метри“, стои како информација во нивното видео.
Здружението реагира дека при минирањето, копањето и транспортот на руда ќе се ствара 10 тони високо токсична прашниа од талиум, арсен, сулфони, оксиди и антимон, а истата ќе ја дишат гевгеличани секојдневно, како и дека дневно ќе се користи 10 тони цијанид, а за да се затрујат сите жители на Гевгелија се доволни само 10 литри.
„Секој граѓанин мора да знае што се случува со проектот за отварање на рудник за злато на планината Кожуф, во атарот на с.Коњско. Тоа е застрашувачка активност, која ги уништува природата и луѓето. На овој профил информирај се за оваа смртоносна економска активност на модерното време“, велат од здружението.