Сите основци и средношколци ќе бидат екстерно оценувани во периодот од 27 мај до 10 јуни, со исклучок на матурантите и на учениците од прво до трето одделение, објави Телма.
Резултатот од ваквиот вид тестирања нема да ја намали претходно добиената оценка од страна на професорот, но ќе влијае врз вкупниот успех на ученикот, најавуваат надлежните.
Во еден дел од сведителството ќе бидат испишани оценките од професорите, а во другиот оние од тестирањето, рече Благица Лaсовска, заменик директор на Државниот испитен центар во изјава за Телма.
Секој од учениците ќе полага по два предмета кои ќе бидат избрани по случаен избор, а за тоа кои предмети ќе се полагаат, учениците ќе бидат информирани седум дена пред почетокот на тестирањето.
Од министерството за образование сметаат дека екстерното тестирање се прави заради проверка на работата на наставниците, заради тоа што имало премногу незаслужени петки.