Иницијативата „Заедно против загадувањето на Тетово“( Së bashku kundër ndotjes në Tetovë) , десет дена пред истекот на предвидениот рок за поставување на филтри кои треба да ја намалат емисијата на штетни гасови, најавува голем протест во Скопје.
Тие бараат од Министерството за животна средина и просторно планирање и од сите надлежни институции да не дозволат пролонгирање на рокот за ставање во функција на филтрите на индустриските капацитети во Тетовскиот регион.
„Загадувањето на воздухот продолжува да биде главен проблем за граѓаните на Тетово.Емисијата на отровни гасови покажува негативни здравствени последици со сериозна манифестација на сериозни болести. Но, Министерството за животна средина и просторно планирање односно министерот само организира симболични состаноци додека, граѓаните продолжуваат да дишат загаден воздух.Сакаме трајно решение сега! Придружете ни се, 10 до 12 и да и кажеме СТОП НА симболична политика поврзано со овој проблем. Граѓаните сакаат чист воздух сега“, стои во повикот за протестот.
Протестот ке се одржи пред Министерството за животна средина и просторно планирање во четврток (20 март) од 10 до 12 часот.