Министерот за финансии Зоран Ставрески и министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми пристигнаа во Ректоратот на УКИМ на најавената средба каде треба да се разговара за измените во Законот за високо образование.
Претставници на Студентскиот пленум на оваа средба се Стефан Бидиков и Ивана Туфекџиева, како и професорката Гордана Силјановска од Професорскиот пленум.
На средбата за реформите во високото образование, инаку иницирана од ректорот Велимир Стојковски, учествува и заменик-министерот за образование Спиро Ристовски, потоа претседателот на Студентскиот Парламент Кирил Спироски, претставници од универзитетскиот сенат…
Првата средба која требаше да се одржи во Клубот на пратеници, беше откажана официјално поради други обврски на министерот Адеми. Неофицијално, средбата се откажа бидејќи студентите одбија да присуствуваат. Тие инсистираа разговорите за нов закон за високо образование да започнат на академска територија.
Окупацијата на факултетите на студентите кои се против новодонесениот Закон за високо образование со кој се воведува државниот испит во високото образование продолжува. Студентите бараат укинување на државниот испит, изработка на нов и квалитетен Закон за високо образование, како и подобрување на лошите состојби во образованието.