„Еразмус + “ новата програма на ЕУ за образование, обука, млади и спорт која треба да започне во јануари денеска беше одобрена од страна на Европскиот парламент.
Со цел зголемување на вештините, способностите за вработување и поддршка на модернизацијата на образованието, но и обуки за млади, седумгодишната програма ќе има буџет од 14,7 билиони евра или за 40% повеќе од сегашните нивоа.
Повеќе од 4 милиони луѓе ќе добијат поддршка за да учат , патуваат , работат или волонтираат во странство, вклучувајќи над 2 милиони високо образовани студентите , 650 000 стручни обуки за студенти и приправници , како и повеќе од 500 000 млади кои ќе заминат на размени или волонтирање во странство. Студентите кои планираат постдипломски студии во странство, a за кои националните грантови или заеми се ретко достапни, ќе имааткорист од новата кредитна гаранција водена од Европскиот инвестициски фонд . Еразмус + , исто така, ќе обезбеди финансиии за образование и обуки, за младински работници и за партнерства помеѓу универзитети, колеџи , училишта, претпријатија и невладини организации.
„Задоволен сум што Европскиот парламент ја усвои Еразмус + и горд сим што бевме во можност да обезбедиме 40% зголемување на буџетот во споредба со нашите сегашни програми. Ова ја покажува посветеноста на ЕУ кон образованието и обуките. Еразмус + исто така ќе придонесе за борбата против младинската невработеноста преку давање можност на младите луѓе да ги зголемат своите знаења и вештини преку искуство во странство. Ќе обезбеди и грантови за поединци, Еразмус + ќе поддржи партнерства да помогне во преодниот период и транзицијата од образование до работа, но и реформи за модернизирање и подобрување на квалитетот на образованието во земјите-членки. Ова е клучно ако сакаме да им овозможиме на младите генерации да ги стекнат потребните квалификации и вештини, потребни за успех во животот “, рече Андрула Василиу , Комесар за образование, култура , повеќејазичност и млади .
Кај Еразмус + две третини од буџетот се наменети за можности за учење во странство за физички лица, во рамките на ЕУ и пошироко додека со остатокот ќе се поддржуваат партнерства помеѓу образовните институции, младински организации , бизниси, локалните и регионалните власти и невладини организации, како и како реформите за модернизација на образованието и обуките за иновации, претприемништво и вработување.
Според најавите со Еразмус +, 2 милиони студентите ќе бидат во можност да студираат или се обучуваат во странство, а ќе се обезбедат и 450 илјади пракси. Исто така 650 илјади студенти и заинтересирани ќе добијат грантови за студирање, патување или обуки во странство исто како и 800 илјади наставници и тренери.
Еразмус плус според најавите ќе им овозможи на половина милион млади да заминат како волонтери или на младинска размена во странство.Грантови ќе има и за голем број училишта, универзитети, но и младински организации, претпријатија, партнерства.
Еразмус + доаѓа во време кога речиси шест милиони млади луѓе се невработени во ЕУ, а во држави како Шпанија и Грција младинската невработеност порасна над 50%.