Пред претстојниот самит во Париз, каде владини претставници од 196 земји ќе се состанат за да креираат нов глобален договор за климатски промени, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Француската Амбасада во Скопје и Министерството за Животна Средина и просторно планирање, се здружија за да лансираат фото конкурсот на Фејсбук, со цел да се подигне свеста за ефектите од климатските промени.
#ДелувајСега! е отворен повик за сите македонски граѓани кои ќе ги искористат своите фотографски вештини за да ги уловат, односно да ги фотографираат, ефектите на климатските промени.
Кандидатите ќе имаат можност да учествуваат на било која од следните десет категории:
Климатските промени и водата
Климатските промени и здравјето
Климатските промени и туризмот
Климатските промени и транспортот
Климатските промени и културното наследство
Климатските промени и шумите
Климатските промени и земјоделството
Климатските промени и природните катастрофи
Климатските промени и биодиверзитет
Климатските промени и обновливи извори на енергија
Заинтересираните учесници можат да фотографираат со било која камера и да ги пратат своите фотографии директно на фан страната #ДелувајСега на Фејсбук. Наградите ќе бидат доделени на две најдобри фотографии за секоја од десетте категории. Наградите вклучуваат велосипеди и фото-камери.
Победниците ќе бидат селектирани врз база на лајкови на Фејсбук (50%) и врз база на гласови на интернационално жири (50%).
Краен рок за испраќање на фотографиите е 15 ноември, 2015 година.